Лудово
Лудово Κρύα Νερά | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 40°25′N 21°11′E / 40.417° СГШ; 21.183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Рупишта |
Општ. единица | Рупишта |
Надм. вис. | 730 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 5 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Лудово (грчки: Κρύα Νερά, Крија Нера; до 1926 г. Λούδοβο, Лудово[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 5 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Костенарија, околу 10 км југозападно од градот Рупишта, на левиот страна на реката Галешово, на надморска височина од 730 м.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Според Тодор Симовски во минатото селото се наоѓало под денешната локација, односно било поблизу до Рупишта, но бидејќи постојано трпело напади од разбојнички банди, селаните го напуштиле и изградиле куќи до турскиот конак и станале чифлигари на бегот.[3]
Црквата „Св. Атанасиј“ потекнува од средниот век, но е слабо прочуена.[4]
Во даночните записници од средината на XV век Лундово е споменато со 18 глави на семејства, двајца неженети и три вдовици: Рајко, Тодор, Мано, Тодор, Димо, Петкос, Крушо, Јорг, Јорг, Никола, Томо, Димос, Добри, Дабижив, Велчо, Рајко, Димо, Герг, Кала, Кала и Варуна. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.593 акчиња.[5]
Во XIX век Лудово било македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Лудово имало 168 жители, сите Македонци.[6][7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лудово е чисто македонско село во Костурската каза со 13 куќи.[6][8]
На почетокот на XX век целото население на Лудово било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лудово има 160 Македонци под влијание на егзархијата.[6][9]
Според грчки извори, во 1905 г. во Лудово имало 130 жители „Грци“.[10] Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 8 македонски семејства[6][11], а според Георги Христов покрај македонските, имало и една влашка.[12]
На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Лудово е означено како македонско село.[6][13]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 59 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 61.[3] Во 1926 г. името на селото било променето во Крија Нера (Κρύα Νερά), што значи „ладни води“.[2]
Во 1919 г. 1 жител на Лудово се иселил во Бугарија по официјален пат. Во селото имало 1 политичко убиство.[10]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Лудово имало 17 куќи на Македонци христијани.[14]
Селото настрадало за време на Втората светска војна од окупаторските власти.[15] Силно настрадало и во Граѓанската војна (1946-1949). Загинале извесен број селани, а 65 лица се преселиле во Македонија и источноевропските земји.[3] 24 деца се испратени надвор од Грција како деца-бегалци.[10]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото се смета за сиромашно, поради што жителите во минатото оделе на печалба и работеле како општи работници и мелничари. Машкото население одело на печалба во внатрешноста на Грција.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 124 | 41 | 65 | 44 | 47 | 48 | 32 | 16 | 5 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Рупишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Старичани, во кој влегуваат селата Госно и Старичани.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ — средновековна црква
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 2024-02-10.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 30.
- ↑ Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 27.
- ↑ Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 86
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kria Nera Архивирано на 26 јули 2007 г..
- ↑ Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
- ↑ Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 198. ISBN 954-90993-1-8.
- ↑ Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
- ↑ Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|