Галешово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мост на Галешево по патот за Долени

Галешово[1] (Голешово, Голешовска Река[2] или Галешова Река[3]; грчки: Στραβοπόταμος, Стравопотамос) — река во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Извира од планината Одре југозападно од костурското село Ланга и тече на север, па свртува на североисток и минува низ областа Костенарија, покрај селата Вичишча (Ники), Лудово (Крија Нера), Старичани (Лакомата), Госно (Лаханокипи), па на крај се влева во реката Бистрица како нејзина десна притока.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Голешово — село во Светиврачко, Пиринска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 21. ISBN 954-90993-1-8.
  2. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 5.
  3. Заимов, Йордан (2012). Български водопис : Географско описание, строеж и произход на имената. 1 А - Й. Велико Търново: Великотърновски университет „Св. св. Кирил и Методий“, Център по българска ономастика „Проф. Николай Ковачев“, Фабер. стр. 259. ISBN 978-954-400-622-8.
  4. „www.grevena.gr“. Архивирано од изворникот на 2009-04-03. Посетено на 2009-04-03.