Моласи

Координати: 40°23.39′N 21°18.25′E / 40.38983° СГШ; 21.30417° ИГД / 40.38983; 21.30417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Моласи
Διαλεκτό
Моласи is located in Грција
Моласи
Моласи
Местоположба во областа
Моласи во рамките на Рупишта (општина)
Моласи
Местоположба на Моласи во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°23.39′N 21°18.25′E / 40.38983° СГШ; 21.30417° ИГД / 40.38983; 21.30417
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаРупишта
Општ. единицаМоласи
Надм. вис.&10000000000000620000000620 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно56
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Моласи (грчки: Διαλεκτό, Дијалекто̀ или Διαλεχτό, Дијалехто; до 1955 г. Μόλαση, Моласи[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Селото до денес е македонско, но погрчено.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на 20 км јужно од Рупишта, на левиот северен брег на реката Беливод. Атарот зафаќа површина од 15 км2.[3] Малку понадвор од селото на еден рид стои црквата „Св. Никола“, изградена во 1874 г. врз темелите на стар храм.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Моласи било мало македонско село во Населичката каза, во процес на конечно погрчување. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Моласи имало 150 жители Македонци, и целото население било двојазично — сите мажи добро го владееле грчкиот, но домашен јазик сè уште бил македонскиот.[5][6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Моласи е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 19 куќи.[7]

На почетокот на XX век целото население на Моласи било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Моласи имало 152 Македонци под патријаршијата, нарекувајќи ги „гркомани“.[5][8]

Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Моласи во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката каза.[5][9]

На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Моласи е ознечано како „грчко“ (т.е. погрчено) село.[10]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во составот на Грција. Истата 1913 г. Моласи имало 157 жители, а на следниот попис од 1920 г. селото се води со 156 жители. Во 1928 г. тоа нараснало на 197 лица.[3] Во 1955 г. селото е преименувано во Дијалекто.

Жителите традиционално произведуваат жито, тутун и компири, а делумно се занимаваат и со сточарство.[3]

Месности во Моласи преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Божишта[11] Μποζίστα Панагија Παναγία[12] река на С од Моласи, лева притока на Беливод[11]
Чабурнија Τσαμπουρνιά Итиес Ίτιές[12]
Ситка Σίτκα Вурло Βούρλο[12]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 253 195 184 128 171 124 204 56
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 32–33. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. Δήμος Ορεστίδος, Архивирано од изворникот на 23 декември 2010, Посетено на 18 февруари 2021
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 272. ISBN 954430424X.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 77.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 226–227.
  9. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов (уред.) (1996). История на българите в документи 1878 - 1944. I, част втора: Българите в Македония, Тракия и Добруджа. София: Издателство „Просвета“. стр. 247. ISBN 954-01-0558-7.
  10. Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
  11. 11,0 11,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  12. 12,0 12,1 12,2 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1050. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]