Прејди на содржината

Бухин

Координати: 40°27′N 21°20′E / 40.450° СГШ; 21.333° ИГД / 40.450; 21.333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бухин
Ανθηρό
Бухин is located in Грција
Бухин
Бухин
Местоположба во областа
Бухин во рамките на Рупишта (општина)
Бухин
Местоположба на Бухин во општината Рупишта и областа Западна Македонија
Координати: 40°27′N 21°20′E / 40.450° СГШ; 21.333° ИГД / 40.450; 21.333
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000890000000890 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно25
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Бухин или Бојне (грчки: Ανθηρό, Антиро; до 1928 г. Μπουχίνι, Бухини[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 25 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Костенарија, на 20 км југозападно од градот Рупишта, во јужното подножје на планината Одре, на надморска височина од 890 м.[3]

Сместено е во непосредна близина на селата Нестиме на север, Жиковишта на југ, Чрчишта на исток и Долени, Мангила и Либешево од запад и југозапад.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Бухин било македонско село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Бојне имало 240 жители, сите Македонци.[4][5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бохин е чисто македонско село во Костурската каза со 30 куќи.[4][6] Истовремено се појавува и Бухин како чисто македонско село со 30 куќи во Населичката каза.[4][7] Најверојатно се работи за истото село.

На почетокот на XX век целото население на Бухин било под врховенството на Цариградската патријаршија, но според Христо Сиљанов по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Во 1904 г. при реорганизацијата на Костенариот револуционерен реон по Илинденското востание, во селото е создаден револуционерен комитет на ВМОРО.[9]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бухин има 240 Македонци под влијание на патријаршијата.[4][10]

Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Бухин во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката каза.[4][11]

Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 30 македонски семејства[4][12], а според Георги Христов покрај македонските, имало и една влашка.[13]

На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Бојне е означено како македонско село.[4][14]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 251 жител. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 230.[3] Во 1928 г. името на селото било променето во Антиро (Ανθηρό).[2]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Бојини имало 37 куќи на Македонци христијани.[15]

Селото прилично настрадало во Граѓанската војна (1946-1949), поради што во пописот од 1951 г. е евидентирано со 177 жители.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото се смета за мошне сиромашно, поради што жителите во минатото оделе на печалба. Населението се занимава со земјоделството и сточарството.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 269 177 169 117 101 58 45 24 25
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Рупишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Жиковишта, во кој влегуваат и селата Лучишта и Жиковишта.

Личности

[уреди | уреди извор]

Родени во Бухин

  • Андреј Ламбров — гркомански андартски деец[16]
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 10.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 77.
  8. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 125.
  9. Шкуртовъ, Кириякъ (1940). „Революционната епоха въ Костенарията – 1903 1908 г.“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Издание на Илинденската Организация. XII (112): 10. Занемарен непознатиот параметар |month= (help); no-break space character во |title= во положба 37 (help)
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 226–227.
  11. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов (уред.) (1996). История на българите в документи 1878 - 1944. I, част втора: Българите в Македония, Тракия и Добруджа. София: Издателство „Просвета“. стр. 247. ISBN 954-01-0558-7.
  12. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
  13. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 199. ISBN 954-90993-1-8.
  14. Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
  15. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
  16. Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 70. ISBN 978-960-12-1724-6.