Соишта
Изглед
Соишта | |
---|---|
Координати: 40°27′N 21°12′E / 40.450° СГШ; 21.200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Рупишта |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Соишта (дијалектно: Соишча) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало меѓу Старичани, Брештени и Псоре. Имало две маала — Горно и Долно Соишта.[1] Реката на која се наоѓало селото, притока на Галешово, и денес го носи името Соишта.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото било растурено во 1879 г. од разбојнички банди по нарачка на грчкиот костурски митрополит бидејќи населението одбивало да се изјасни како грчко. Селаните се населиле во Старичани, Лудово, Жужелци и други села.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 43. ISBN 9989-9819-6-5.
|