Марковени
Марковени Αμπελοχώρι | |
---|---|
Поглед на Марковени | |
Координати: 40°25.48′N 21°15.39′E / 40.42467° СГШ; 21.25650° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Рупишта |
Општ. единица | Рупишта |
Надм. вис. | 680 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 106 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Марковени или Марковјани (грчки: Αμπελοχώρι, Амбелохори; до 1927 г. Μαρκόβιανη, Марковјани,[2] 1927-1950 г. Μαρκοχώρι, Маркохори[3]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите во селото живееле Македонци од христијанска и исламска вероисповед, а денес е македонско-грчко село.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 5 км јужно од Рупишта, на десниот брег на реката Бистрица.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Марковани со 25 христијански семејства.[4] На крајот од XIX век Марковени било чисто македонско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Марковени имало 194 жители, сите Македонци.[5][6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Марковени е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 12 куќи.[7]
На почетокот на XX век целото население на Марковени било под врховенството на Цариградската патријаршија. Грчките статистики од 1905 г. велат дека Марковјани имало 140 жители.[8]
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Марковени (Μαρκόβενι) во 1910 г. имало 30 семејства, од кои 3⁄4 биле македонојазични муслимани, а 1⁄4 македонојазични христијани.[9]
Според Георги Константинов Бистрицки Марковени пред Балканските војни се состоело од 35 македонски куќи — 20 христијански и 10 муслимански.[5][10] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Марковени има 7 куќи на Македонци христијани и 14 куќи на „Турци“ (впрочем Македонци-муслимани).[11] Тодор Симовски ја порекнува превалентноста на муслиманското население, тврдејќи дека христијаните секогаш биле побројни.[12]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска, и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 178 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 119.[12]
Во 1922 г. муслиманското население на селото е иселено по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени 59 Грци.[12]
Селото традиционално произведува градинарски култури и жито.[12]
Марковени не настрадало во Граѓанската војна (1946-1949).[12]
Во 1928 г. селото е преименувано во Маркохорион, но во 1950 г. го добило новото име Амбелохори, во превод лозово село.[13] Таа година имало 135 жители.[12]
Црквата на селото е „Св. Спиридон“.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 195 | 183 | 170 | 131 | 149 | 139 | 179 | 134 | 106 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Yeni, Harun (септември 2006). Demography and settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region according to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri dated 1530 : A Master’s Thesis (PDF). Ankara: Bilkent University. Department of History. стр. 111.
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
- ↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Abelohori Архивирано на 26 јули 2007 г..
- ↑ Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 135. Архивирано од изворникот на 25 октомври 2020. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 32. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
|