Јон Драгумис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ion Dragoumis.jpg
Роден 14 септември 1878
Атина, Грција
Починал 12 август 1920
Атина, Грција

Јон Драгумис (грчки: Ίων Δραγούμης; 14 септември 1878 - 12 август 1920) — грчки дипломат, писател и еден од главните идеолози на Елиномакедонскиот комитет и грчката воружена пропаганда во Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Јон Драгумис е роден во Атина во семејството на видниот грчки политичар, подоцна премиер, Стефанос Драгумис од македонскиот род Драгумис.

Учел за адвокат во Париз. Од 1902 година се вклучил во грчката дипломатија и бил испратен во Битола, како подконзул, а главна задача му била да создава тајни грчки комитети, тие требало да бидат ограноци на Елиномакедонскиот комитет и преку нив требало да се остави впечаток дека грчката борба во Македонија е дело на месните жители, а не проекција од надвор, во овој случај Грција.

Јон во својата книга Крв на мачениците и хероите ги повикал Грците да го следат примерот на Василиј:

Василиј, наместо да ослепи толку луѓе, подобро ќе направаше ако ги испотепаше сите. Така, ем тие луѓе немаше да се измачуваат живи и слепи, ем, бројот на бугарите ќе се намалеше за 15 000 души, а тоа ќе беше пополезно.

Меѓу другото Драгумис ја определил и грчката борба во Македонија со зборовите:

Во минатото Грците за непријатели ги имаа Турците, а во годините што доаѓаат за непријатели ќе ги имаат Бугарите [белешка 1][белешка 2]... (Борбата б.н) започнува од почеток и ќе продолжи во уште пострашна форма, отколку некогашната дива борба од византиските времиња, нови Василиевци ќе ја обиколуваат целата страна и ќе ги демнеаат Бугарите по планините, по селата и по горите, и ќе ги протераат или испотепаат [1]

Драгумис работел во конзулартствата во Сер, Бургас и Пловдив до 1907 година. Соработувал со Павлос Мелас кој бил оженет за неговата сестра и костурскиот патријаршиски митрополит Германос Каравангелис во организирањето на андартските чети кои настапувале против Македонската револуционерна организација.

Од 1907 до 1909 година работел во грчката амбасада во Цариград. Во периодот меѓу 1909 и 1910 година учествувал во ораганизирањето на грчките воружени дејствија во Македонија, а исто така учествувал и во формирањето на културно грчко друштво.

Во 1911 година по италијанската окупација на Додеканезите, Драгумис учествувал во организирањето на конгресот на островот Патос и декларацијата за присоединување на островите кон Грција.

Во Првата балканска војна се нашол во генерал штабот на грчкиот крал Константинос I. Заедно со Виктор Дусмани и Јоанис Метаксас бил испратен на преговори со Тахсин паша за предвањето на Солун во грчки раце и Драгумис прв го развеал грчкото знаме.

1914 година бил испратен во Русија каде успешно го решил прашањето за Света Гора. Во 1915 година бил избран за пратеник на Лерин (Флорина). Во 1916 година почнал да го издава списнаието Политичка ревизија.

За време на владата на Елевтериос Венизелос бил протеран на островот Корзика, а од таму се вртил во 1919 година.

По обидот за средба со Венизелос во Париз, полицијата предводена од Емануил Зимвракаки му поставила заседа на Јон и тој бил убиен на 12 август 1920 година.

Подоцна на тоа место била подигната спомен плоча во чест на еден од најголемите подржувачи на Мегали идеата.

По Јан е именуван постоечаката дема Јон Драгумис, центар на кој е селото Богатско од каде потекнува неговиот род.

Родословно дрво[уреди | уреди извор]

 
 
 
Маркос Драгумис (1770-1854)
 
Зои Софиану-Делијани
 
 
Стефанос Георгантас
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Јоанис Николаос (1809-1879)
 
Евфросини Георганта
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Зои (1843-1894) Марика (1846-1941) Маркос (1840-1909) Стефанос (1842-1923)
 
Елиза Кондојанаки
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Павлос Мелас (1870-1904)
 
Наталија (1872-1973) Никос (1874-1933) Ефи (1875-1964)

Хариклија (1876-1966)
Јон Драгумис (1878-1920) Александра (1880-1976) Зои (1882-1964) Маркос (1884-1888)

Марика (1886-1939)
Филипос (1890-1980) Александрос (1891-1977)
 

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Грчките националисти и пропагандисти Македонците ги нарекуваат Бугари, Бугарофони или Славофони... Додека пак самите себеси се нарекуваат како „Македономахи“ или „Македонски борци“ (Μακεδονομάχοι) види: Mαρτύρων καί Hρώων αίμα од Јон Драгумис и „Македонската борба (спомени на Германос Каравангелис)“
  2. Наспроти тоа во својата книга “Martyrs’ and Heroes’ Blood“, Јон Драгумис вели дека“ ‘македонски’ е правилниот термин за определба на овој јазик, кој Бугарите, како што тој вели, лажливо го нарекуваат “бугарски“.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Δημητρίου Ι. Ευρυγένη, Ο ΄Ιων Δραγούμης και ο μακεδονικός Αγών. Θεσσαλονίκη 1961. [Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. ΄Ιδρυμα Μελετών Χερσονήσου του Αίμου, 41]. 8ον, σ. 23 μετά προσωπογραφίας του ΄Ι. Δραγούμη υπό Στίλπωνος Π. Κυριακίδου

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Цитирано по Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, изд. на Илинденската Организация, София, 1943, стр.132-133.