Елиномакедонски комитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елино-Македонски Комитет
Печат на Елиномакедонскиот комитет (На него се наоѓаат ликовите на Александар III Македонски и Василиј II Македонецот)
Активна19041908
ЗемјиГрција, Македонија и Отоманско Царство
Видпаравоена-националистичка организација
Команданти
Истакнати
команданти
Германос Каравангелис
Павлос Мелас
Јон Драгумис

Елиномакедонски комитет (грчки: ΕΛΛΗΝΟΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΝ ΚΟΜΗΤΑΤΟΝ) или Грчкомакедонски комитет е грчка паравоено-националистичка организација која себеси поставила за цел остварување на Мегали Идејата и заштита на грчките интереси во Македонија. Овој комитет ќе биде еден од главните протагонисти во т.н Борба за Македонија.

Корен[уреди | уреди извор]

Основата на Елиномакедонскиот комитет лежи во грчката националистичка политика и пропаганда од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Во грчката надворешна политика главно прашања заземала Мегали Идејата, односно создавањето на Голема Грција. Затоа биле преземени разни дејствија да се прошири и зацврсти грчкото влијание на оние територии кој требало да влезат во планираниот проект.

Грчката пропаганда имала силни позиции во Македонија, но по создавањето на Бугарската егзархија и Македонската револуционерна организација тие биле тешко загрозени, особено од Организацијата која почнала да ја контролира територијата на Македонија.

Затоа грчката пропаганда започнала да поприма вооружен карактер, односно се започнало со организирање и праќање на андартски чети кој започнале борба со Македонската револуционерна организација за контрола над Македонијапроширување на грчката идеја и влијание.

Основање[уреди | уреди извор]

Странски пропаганди во Македонија
Поделба на Македонија по Букурешкиот договор.

Во 1902 година во Атина бил формиран Македонскиот комитет (Елиномакедонски комитет) на чело со Димитриос Калапотакис, тој бил главен уредник на весникот Емброс, преку кој се изнесувала идејата за вооружена борба во Македонија.

Основач на Елиномакедонскиот комитет и главен идеолог на грчката вооружена пропаганда

При формирањето на овој комитет учествувале видни членови на грчкото општество и офицери од грчката армија, а дирекно била вмешана и самата грчка влада. Овој комитет требало да раководи со т.н Македонска борба (Μακεδονικός αγώνας), а неговите цели и задачи биле регулирани со еден устав.

Во член 2 од овој устав било истакнато дека комитетот се залага за:

... одбрана на грцизмот во Македонија, Тракија, Епир и Албанија... враќање во редовите на Патријашијата, селата и поединците што ја прифатиле Егзархијата [1]

Хиерархија[уреди | уреди извор]

На чело на целата организација стоел еден главен комитет чие седиште се наоѓало во Атина. Меѓутоа со уставот било предвидено да се создадат секции како што биле битолската и солунската секција.

Овие секции биле должни да се грижат за: обука на членството, пропагандата, вооружувањето, агитација сред населението и изнаоѓање на приврзаници и други активности, а како раководители биле поставувани офицери од грчката армија.

Солун и Битола станале центри од каде што Македонскиот комитет ја раководел пропагандната вооружена борба во Македонија.

Организацијата била поставена на строги центалистички принципи, секоја секција била одговорна пред Атинскиот комитет додека пак тој бил одговорен пред самата грчка влада.

Со ова устројство грчката држава си овозможила дирекно да раководи со вооружената пропагандна војна, а таквата поставеност била гарант за успех и продор.

Цел[уреди | уреди извор]

Една од главните цели на комитетот како и на андартските чети кои подоцна биле испратени во Македонија е да се уништат и растурат, со сите средства, комитетите на Македонската револуционерна организација во сите села, а на нивно место да се создадат грчки комитети кој ќе ги помагаат андартските чети, ќе го шират грцизмот и ќе агитираат меѓу македонското население.

Од друга страна пак комитетот сакал да ја придоби наклонетоста на Отоманското Царство и затоа андартските чети не смееле да го напаѓаат турското население, дури добиле и наредба да го заштитуваат и на тој начин турскиот елемент да биде расположен кон нив и да ги претпочита Грците во случај на покрупна промена во судбината на Македонија [1].

Развојот и засилувањето на Македонската револуционерна организација биле на штета на грчките интереси во Македонија и затоа грчката влада искажала подготвеност да и помогне на Отоманското Царство за уништување на МРО, а тоа јасно го истакнал и Маврокордатис во Цариград, октомври 1900 [2].

Од друга страна пак грчкиот конзул во Цариград, Евгенијадис истакнал дека:

... турското господство во Македонија треба да се зачува сè додека грцизмот не успее таму да ја заземе власта [3]

Борба за Македонија[уреди | уреди извор]

Калапотакис во согласност со грчкиот премиер Теотолис, во март 1904 година била испратена првата официјална разузнавачка андартска мисија во Македонија, таа бил составена од 4 офицери, а меѓу нив бил и Павлос Мелас.

Четата на Павлос Мелас

Овие офицери во својот извештај истакнале дека условите се погодни за вооружена борба во Македонија.

Откако биле извршени сите подготовки, во есента 1904 година андартските чети започнале масовно да навлегуваат со што Грците се вмешале во т.н Борба за Македонија.

Четите добиле наредба да не го напаѓаат турското население и да се избегнуваат судирите со турскиот аскер. Со поддршка на грчката влада кој била во добри односи со Високата Порта, андартите постигнале извесни успеси.

Според некои податоци само во пролета 1905 година во Битолскиот вилает дејствувале околу 800-1.000 андарти, а од почетокот на т.н Македонска борба (на грчки: Μακεδονικός αγώνας) па сè до пролета 1905 година грчко-турската граница ја минале околу 2.800 андарти.

Ова дејствување на андартите траело сè до Младотурската револуција по која грчките чети морале да го предадат оружјето и да се легализираат.

Последици[уреди | уреди извор]

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет

Последиците од делувањето на комитетот и четите кој тој ги финансирал и испраќал во Македонија пред сè ги почувствувало населението.

Селаните кој порано себеси се нарекувале Грци, а со појавата на Бугарската егзархија станале Бугари, сега одново морале да станат Грци [4].

Поради ваквите поделби антагонизмот кој постоел меѓу населението уште повеќе се засилувал.

Андартските чети го загрозувале животот, честа и имотот на секој Македонец, последиците биле големи, економијата, трговијата, земјоделството опаднале, а дошло и до засилување на печалбарството.

Од друга страна Елиномакедонскиот комитет отворил нов фронт за Македонската револуционерна организација, таа сега истовремено требала да војува со турските чети, андартските чети како и со четите испратени од Српското четничко движење.

Сè на сè, имало силни последици врз Македонската револуционерна организација која голем дел од својот потенцијал, труд и средства искористил во борба со андартските чети, а тоа дирекно се одразило врз целокупното македонско револуционерно движење.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Историја на македонскиот народ“, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година.
  2. Р. Поплазаров, Грчката политика спрема Македонија..., 30-31.
  3. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет, 2003.
  4. Иако изјавата на рускиот дипломат не се однесува на адартите, сепак таа ги одразува последиците од делувањето на пропагандите во Македонија... Србите требало да се задоволаат со своите училишта во Солун и да не трчаат со отворање нови училишта по Солунскиот вилает бидејќи предизвикуваат непријателство меѓу словенското население... (за б.н) српските училишта се трошат многу пари, зашто нивното отворање и постоење без откуп невозможно, овие трошоци едвај се оправдуваат... нема сомнение дека без постојната материјална поддршка, оние што почнаа себеси, да се нарекуваат Срби одново ќе бидат Бугари, какви што се станати веќе пред многу години, благодарение на усилената бугарска пропаганда сред македонските Словени... Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот..., т.1, 247.

Литерура[уреди | уреди извор]

  • Douglas Dakin, The greek struggle in Macedonia 1897–1913, Thessaloniki, 1993

Поврзано[уреди | уреди извор]