Прејди на содржината

Здралци

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Здралца)
Здралци
Αμπελόκηποι
Здралци is located in Грција
Здралци
Здралци
Местоположба во областа
Здралци во рамките на Рупишта (општина)
Здралци
Местоположба на Здралци во Костурскиот Округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°27.57′N 21°18.36′E / 40.45950°N 21.30600°E / 40.45950; 21.30600
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаРупишта
Општ. единицаЈон Драгумис
Надм. вис.&10000000000000618000000618 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно630
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Здралци (Здралца или Зрелци; грчки: Αμπελόκηποι, Амбелокипи; до 1926 г. Σδράλτση, Сдралци[2] — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. До денес е населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се намира на 3 километра югоизточно от Костурското Езеро, на пътя от Дупјак за Богатско. Землището на Здралци е 11 км2.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]
Икона на св. Модест од XVIII век во Здралци

На почетокот на XIX век францускиот конзул кај Али-паша Јанински Франсоа Пуквил го спомнува селото како Sdreotza.[4] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) веи дека Стралица се состои од 30 македонски куќи, 45 семејни двојки и 75 нуфузи (глави на семејства). Жителите се занимавале со земјоделство, градинарство и обработување на туѓа земја.[5][6]}}

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Зрѣлца имало 270 жители Македонци.[5][7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Здрелза е чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 50 куќи.[8]

На почетокот на XX век во Здралци работела грчката пропаганда и селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Здрелца имало 400 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[5][9] Во училиштето предавал Николаос Папасидерис, подоцна митрополит Никифор Костурски.[10][11]

Според грчка статистика од 1905 г. селото имало 250 жители.[12] Летото 1905 г. андартскиот капетан Никола (Лаки) Дељо го убил кметот Козма.[13]

Според Георги Константинов Бистрицки, Здрелца пред Балканските војни имало 90 македонски куќи.[5][14] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Зрелци имало 50 куќи на македонски христијани.[15]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска, и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 246 жители, кое во 1920 г. се згоелмило на 311.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Амбелокипи. На пописот од 1928 г. во Здралци се заведени 345 лица.[3]

Населението произведува жито, грав и градинарски култури.[3]

Селото не настрадало во Граѓанската војна и затоа населението продолжило да расте.[3]

Месности во Здралци преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г.
ИмеГрчкиНово имеГрчкиОпис
МагаричовоΜαγαρίτσοβοДихалоΔίχαλο[16]

Население

[уреди | уреди извор]

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 425 425 449 448 528 610 688 668 630
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • „Св. Катерина“ — црквичка во јужниот дел на селото
  • „Св. Никола“ — црквичка и светиче западно од селото
  • „Св. Дух“ — црквичка јужно од селото, веднаш до реката и мостот
  • Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна црква од 1820-1830 г.
  • „Св. Никола“ — параклис и скит (испосница) на стрмна карпа во планината, 3 км источно од селото

Личности

[уреди | уреди извор]
Отец Иван Шишков
Родени во Здралци
  • Анастас Димитров (Αναστάσιος Δημητρίου) — андартски деец от ІІІ ред[17]
  • Васил Бацелов (Βασίλειος Μπατσέλας) — андартски деец, четник на Григорис Фалиреас (Закас)[17]
  • Иван Шишков (1876 – 1957) — просветен и духовен деец
  • Козма Николов — кмет, убиен заедно со татко му Никола на сретселото од андарстскиот капетан Лаки Дељо на 31 јули или 1 август 1905 г[18][19]
  • Пандо Василев — учесник во МОО, II чета на VIII Костурска дружина, ранет во Втората балканска војна на 8 јули 1913 година, носител на бронзен медал[20]
  • Христо Атанасов — учесник во МОО, 27-годишен, II чета на VIII Костурска дружина, загинал на 6 ноември 1912 г. кај Дедеагач[21]
  • Јане Георгиев Јанев (на 75 години на 9 март 1943 г) — учесник во Илинденското востание со четата на Васил Чакаларов и борбата кај Черешница,[22] преземањето на Невеска, преземањето на Клисура и борбата кај Прекопана. Водел битка и кај Горно Броди под команда на полковникот Анастас Јанков.[23]
  • Јане Динков — учесник во МОО, VIII Костурска дружина[24]
Починати во Здралци
  1. ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. ↑ „Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece“. Посетено на 12 април 2021.
  3. 1 2 3 4 5 6 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 22. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. ↑ F.Pouqueville. Travels in Epirus, Albania, Macedonia, and Thessaly Архивирано на 30 септември 2007 г..
  5. 1 2 3 4 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 141.
  7. ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 267. ISBN 954430424X.
  8. ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот Вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  9. ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 182–183.
  10. ↑ Μητροπολίτης Καστοριᾶς Νικηφόρος Παπασιδέρης, Архивирано од изворникот на 13 ноември 2010, Посетено на 6 јули 2010
  11. ↑ Οδός και πλατεία:ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΤΗ κ.κ.ΝΙΚΗΦΟΡΟΥ ΠΑΠΑΣΙΔΕΡΗ
  12. ↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Ambelokipoi Архивирано на 26 јули 2007 г..
  13. ↑ Δημήτρης Λιθοξόου. Η περιοχή Καστοριάς (Κόστουρ) / Kastoria (Kostur) γεωγραφία της ιστορίας, Архивирано од изворникот на 30 јули 2012, Посетено на 30 јули 2012
  14. ↑ Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 7.
  15. ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
  16. ↑ „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 711. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  17. 1 2 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 70. ISBN 978-960-12-1724-6.
  18. ↑ „Ιστορικά Στοιχεία " Σδράλτσι-Αμπελόκηποι" από 1886 μέχρι 1947 από διάφορες πηγές.Ενα διπλό φονικό στο Σδράλτσι, στο Μεσοχώρι, το 1905“. Αμπελόκηποι Καστοριάς. 25 јануари 2009. Посетено на 27 јануари 2023.
  19. ↑ „Οι Παπάδες μας: Οι Ιερείς των Αμπελοκήπων Καστοριάς“. Αμπελόκηποι Καστοριάς. 30 јануари 2011. Посетено на 27 јануари 2023 г. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  20. ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 113. ISBN 954-9800-52-0.
  21. ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 72. ISBN 954-9800-52-0.
  22. ↑ Пеловски, Филип (2022). Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. I. Дел III. София: Библиотека Струмски. стр. 299. ISBN 978-619-9208823.
  23. ↑ Пеловски, Филип (2022). Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. I. Дел III. София: Библиотека Струмски. стр. 300. ISBN 978-619-9208823.
  24. ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 241. ISBN 954-9800-52-0.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]