Прејди на содржината

Витан

Координати: 40°24.53′N 21°18.25′E / 40.40883° СГШ; 21.30417° ИГД / 40.40883; 21.30417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Витан
Βοτάνι
Витан is located in Грција
Витан
Витан
Местоположба во областа
Витан во рамките на Рупишта (општина)
Витан
Местоположба на Витан во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°24.53′N 21°18.25′E / 40.40883° СГШ; 21.30417° ИГД / 40.40883; 21.30417
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000849000000849 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно41
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Витан (грчки: Βοτάνι, Вотани; до 1927 Βίτανι, Витани[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 41 жител (2021).

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 7 км југоисточно од Рупишта (Аргос Орестико), на десниот брег на реката Бистрица. Црквата „Св. Јован Претеча“ е од XIX век.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Витан во минатото бил македонско село, но жителите го напуштиле поради немирите за време на Али-паша Јанински. Потоа тука се доселиле Грци Качауни од Епир.[4] На крајот на XIX век Витан било грчко село село на самата македонско-грчка етничка граница — првото село на север е македонското Песјак. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Витан имал 80 жители, сите Грци.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Витан е чисто грчко село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 25 куќи.[6] Истовремено картата дава село Витан населено со Грци-муслимани во Населичката каза на Серфичкиот санџак со 13 куќи.[7]

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Витани (Βιτάνι) во 1910 г. се состоел од 18 македонојазични грчки семејства.[8]

Во „Етнографија на Македонија“ (1924) Густав Вајганд го опишува Витсани како грчко село на македонско-грчката јазична граница.[9]

На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Витанъ е означен како грчко село.[10]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 107 жители кои во 1920 г. се намалиле на 99.[4]

Во 1928 г. селото е преименувано во Вотани, кога имало 107 жители.[4]

Витан силно настрадал во Граѓанската војна и населението значително се намалило, селејќи се во странство и поголемите градови во Грција.[4]

Селаните се занимаваат со одлгедување на градинарски култури.[4]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 141 103 91 54 78 71 68 50 41
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. Δήμος Άργους Ορεστικού, Архивирано од изворникот на 23 декември 2010, Посетено на 13 февруари 2021
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 11. ISBN 9989-9819-6-5.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 78.
  8. Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 135. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  9. Вайганд, Густав. Етнография на Македония, т. 1, София, 1992, стр. 465-466.
  10. Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]