Георги Христов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Христов
Роден 17 мај, 1931 година
Јаново, Светиврачко, Пиринска Македонија (денешна Бугарија)
Починал 11 ноември 2021
Благоевград,  Бугарија
Националност Македонец
Познат под псведонимот Јан Пирински

Георги Стоев Христов (Јан Пирински) — роден на 17 мај 1931 година, во с. Јаново, Пиринскиот дел на Македонија[1], починал на 11 ноември 2021 во Благоевград, Бугарија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Работел како работник, управник на одморалиште, службеник во Окружниот народен совет во Благоевград, учител по бугарски јазик и литература, окружен социјален инспектор и др.[1][2]

Во 1992 година Георги Христов од својот брат Александар ја презема улогата на главен и одговорен уредник на весникот „Народна Волја“. Своите текстови ги потпишувал и со псевдонимот Јан Пирински.[3]

Автор[уреди | уреди извор]

Уште како ученик пишувал стихови, неговите дела се објавувани во тогашниот весник “Пиринско дело“. Ја има објавено и стихозбирката „Попатен изгрев“.[4]

Еден од најобемните трудови кој ги има потпишано Јан Пирински, односно Георги Христов е делото „Гневот на правдата“ Архивирано на 27 јули 2021 г., во кое хронолошки се опишани повеќето настани кои влијаеле на правата на Македонците во Пиринска Македонија како и нивната борба за човекови права.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јан Пирински (Георги Христов) (2016). Гневот на правдата. Благоевград: Издава ЕТ „Херонея – 338”. стр. 5–6, 701. ISBN 978-954-91329-7-7. Недостасува |author1= (help)
  2. „„Македонско сонце" број 672, Скопје, 2007“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-10. Посетено на 2007-05-22.
  3. Весник „Народна волја“
  4. Георги Христов: „Попатен изгрев“, Благоевград, 2003

Надворешни врски[уреди | уреди извор]