Црна Планина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црна Планина
Μαύρο Βουνό
Највисока точка
Надм. вис.861 м
Координати40°29′29″ N; 21°15′19″ E / 40.4913° СГШ; 21.2554° ИГД / 40.4913; 21.2554Координати: 40°29′29″ N; 21°15′19″ E / 40.4913° СГШ; 21.2554° ИГД / 40.4913; 21.2554
Географија
МестоКостурско, Егејска Македонија
Матичен венецНередска Планина

Црна Планина (костурски: Черна Планина;[1] грчки: Μαύρο Βουνό, Мавро Вуно) — ниска планина во Костурско, Егејска Македонија.[1] Висока е 861 м.

Опис[уреди | уреди извор]

Планината е сместена во средишниот дел на Костурско, над југозападниот брег на Костурското Езеро и градот Костур. Преку седлото во нејзиниот севрен дел, каде се сместени селата Мањак и Ново Жупаништа, се граничи со планината Саракина. На југ преку седлото Рупата преоѓа во карпестиот рид Диминик.[1]

Револуционерот Георги Христов напишал за планината:

На северозапад од полето се издигаат од запад кон исток два издолжени и карпести рида — Црна Планина и Диминик. Една тесна падина ги двои еден од друг. Меѓу коритата на р. Бистрица и Костурското Езеро, од каде ридовите личат на мали планини, под врвот Бигла планината се спушта кон југоисток во ниско седло, кое постепено се издига и оди по билото на ридот Црна Планина, во неговата најниска точка. Под него полето се издига и образува нешто како залив, по чиј североисточен брег патот Рупишта - Костур прави завој и излегува на билото до истата точка. Ридовите се спуштаат кон сите страни стрмно, поради што се тешко проодни. Едниот е составен од лесно трошливи црни карпи со груба и нерамна надворешност, а другиот од варовнички, со пријатен изглед, небаре природните сили грижливо и рамномерно дејствувале и дејствуваат за да не му ја набрчкаат и нагрдат површината. Одвоени, нели се тоа врвови на некогашен втонат терен?[1]

Крст[уреди | уреди извор]

Во 2020 г. на врвот на планината е поставен 12-метарски крст кој ноќе свети. Ова предизвикало бурни реакции кај дел од населението на Костур.[2] Друштвото на љубителите на природата од Мањак на планината организира настан „Блек Маунтин фестивал“.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 18. ISBN 954-90993-1-8.
  2. „Για τον 12μετρο φωτισμένο σταυρό στο Μαύρο Βουνό στους Μανιάκους (γράφει ο Βαγγέλης Αναστασίου)“. Fouit.gr. 17 септември 2020. Посетено на 4 февруари 2021.
  3. „Έρχεται το "3o Black Mountain Festival". Fouit.gr. 27 мај 2020. Посетено на 4 февруари 2021.