Нередска Планина
Нередска Планина | |
---|---|
Βέρνο | |
![]() Поглед на Нередска Планина од с. Блаца | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.128 м [1] |
Координати | 40°38′57″ N; 21°23′08″ E / 40.6491° СГШ; 21.3855° ИГДКоординати: 40°38′57″ N; 21°23′08″ E / 40.6491° СГШ; 21.3855° ИГД |
Географија | |
Место | западна Егејска Македонија |
Нередска Планина (грчки: Βέρνο, Верно) — планина во западниот дел на Егејска Македонија, односно крајниот северозападен дел на денешна Грција. Има меридијански правец на протегање север - југ, а кон крајот на својот масив скршнува на југоисток. Нередска Планина ја оградува Пелагонија (Леринското Поле) од западната и југозападната страна и таа се надоврзува на Баба Планина преку превојот Вигла. Сместена е југозападно од градот Лерин и низ неа поминува локален пат кој води кон грчко-албанската граница и областа Преспа. Највисок врв е врвот Вич со 2128 метри надморска височина.
Планината има изобилство од високотревни пасишта, а во подножјето се застапени листопадни шуми (бука, даб, костен и др.) додека кон врвовите се застапени зимзелените шуми.
Историја[уреди | уреди извор]
На падините на Нередска Планина се одвивале голем број историски настани од кои најпознати се битките за време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949). Како доста тешко пристапен терен Нередска Планина долго време служела како упориште на КПГ, ДАГ и НОФ и била слободна територија, пред сè и поради помошта на селаните околните села кои биле целосно населени со Македонци. Во почетокот на воените дејствија на Нередска Планина се стационирале голем број на војници на демократските сили, а тука биле одржани и неколку пленуми и советувања на КПГ. Кон крајот на војната на врвот Вич се одиграла една од најголемите и најкрвавите битки за време на Граѓанската војна во Грција.
Население и населени места[уреди | уреди извор]
Од двете страни на падините на Нередска Планина се сместени повеќе села од кои најпознати се Неред (Полипотамон), Арменско (Алона) на источната страна, Вишени (Висинеа) на западната и др. Етничкиот состав на селата е драстично променет особено по завршетокот на Граѓанската војна, кога грчките монархо-фашистички сили поради бесот заради помошта што им ја даде локалното македонско население на КПГ, ДАГ и демократските сили врз него изврши масовни ѕверски убиства, протерувања и етнички чистења.
Денес населението на овие села главно го сочинуваат Грци и Власи, а во мал дел се останати и Македонци.
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Патот Костур-Лерин преку Нередска Планина
-
Поглед на селото Горенци од планината
-
Громови над Горенци
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
„Нередска Планина“ на Ризницата ? |
|