Прејди на содржината

Лонгос (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лонгос
Αστραποκαμένο
Лонгос на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.823 м
Координати40°06′56″N 23°50′34″E / 40.1156°N 23.8427°E / 40.1156; 23.8427
Географија
МестоХалкидик, Егејска Македонија
Карта

Лонгос или Астрапокамено (грчки: Αστραποκαμένο) — планина на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија.[1]

Планината има долгнавест облик и се наоѓа на полуостровот Ситонија, средниот крак на Халкидичкиот Полуостров.[1]

На разни постари карти Лонгос е обележана како Итамос (Ίταμος). Во древномакедонско време се нарекувала Ситонија (Σιθωνία), што е споменато во Херодот.[1]

Карпите се сочинети од гранит и шкрилци.[1]

Планината, како и целиот полуостров е обрасната со борови и е дел од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1270002 и 1270014). Прогласена е и за место од орнитолошка важност (036). Вклучена е во списокот на светско наследство на УНЕСКО (природно и културно) во 1988 г. (454).[1]

До врвот се стасува од селото Партиноне (300 м) за 2 часа.[1]

Врвови
ИмеГрчкиВисина (м)Местоположба
АстрапокаменоΑστραποκαμένο, Αστραποκαμένο Πεύκο823[1]во средниот дел
Ајнајтис, КатартиΑϊναΐτης, Κατάρτι527[1]
АспроховросΑσπρόχοβρος600[1]во Ј дел, С над Шиќа
Зорба ПетраΖορμπά Πέτρα580[1]во средниот дел
КарвунасΚαρβουνάς566[1]
Кокини Тумба, ПаклараΚοκκώνη Τούμπα, Πάκλαρα595[1]
КостасΚώστας720[1]
МакривунаΜακρυβούνα535[1]во Ј дел, СЗ над Шиќа
Драгуделис, КерасияΝτραγουδέλης, Κερασιά688[1]
СтитуриΣτηθούρι600[1]
Драгџели, Псилос, ИтамосΨηλός, Δραγτζέλι/Ντραγτζέλι, Ίταμος751 [1]во ЈИ дел, З над Сарти

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 368. ISBN 978-960-86676-6-2.