Корбец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Корбец / Горбеч
Τρικλάριο
Корбец се наоѓа во Грција
Корбец
Местоположба на Корбец во Грција
Највисока точка
Надм. вис. 1.776 м
Координати 40°36′57.6″ СГШ 21°05′24″ ИГД / 
Географија
Место Општина Преспа, Егејска Македонија, Грција

Корбец (Горбец, Горбеч или Корабец; грчки: Τρικλάριο, Трикларио) — планина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Сместена е во јужниот дел на Општина Преспа, Лерински округ, по границата со Албанија. Долга е околу 30 километри. Највисоката точка е на надморска височина од 1.776 метри. Планината претставува јужна граница на Преспанската Котлина.

На север Корбец е сврзан со планината Баба, а Желевска (Рулска) Река го дели од Нередска Планина на исток, при што на дното се наоѓа Малото Преспанско Езеро. Највисок врв е Корбец е Врба, на надморска височина од 1.776 м. Други врвови на планината се Орлово (1.715 м), Каракол (1.689 м) и Црн Срт, 1.394 м.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]