Курилово (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Курилово
Κορύλοβος
Курилово на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.635 м
Координати41°10′54″ N; 24°10′34″ E / 41.1817° СГШ; 24.1761° ИГД / 41.1817; 24.1761Координати: 41°10′54″ N; 24°10′34″ E / 41.1817° СГШ; 24.1761° ИГД / 41.1817; 24.1761
Географија
МестоДрамско, Егејска Македонија
Матичен венецДрамски Боздаг
Карта

Курилово (грчки: Κορύλοβος, Кориловос) — релативно ниско планинско возвишение во најјужните делови на планината Драмски Боздаг во Драмско, Егејска Македонија. Возвишението достига 623 м. Во неговото подножје е сместен градот Драма. Од врвот има поглед на градот и околното поле. Најблиско населено место е селото Дреново.

Шумската управа во Драма прави големи напори за претворање на ридот во приградски шумски парк, засадувајќи илјадници иглолисни растенија, претежно алепски бор, чемпрес и ела. Ридот е излетничко место за жителите на Драма, и имаат мрежа од патеки, игралишта, дрвени клупи и маси за пинг-понг. На излезот од шумата на Курилово е поставен споменик на десетиците илјади жртви од времето на Втората светска војна. До врвот оди асфалтиран пат долг 4 км. Близу до средиштето на Курилово има спортски игралишта, камен театар на отворено за летни претстави, а има и мал хотел. На југоисточната падина на Курилово работи каменолом за мермер кој неповратно ја уништува планината.

Малку пред врвот на ридот во 1997 г. е поставен крст од бетон и железо во чест на жртвите на окупацијата кој се гледа од центарот на Драма и денес е симбол на градот. Целата конструкција е висока 15 м и тежи 100 тони.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]