Хасија

Координати: 39°48′36″N 21°24′14″E / 39.81° СГШ; 21.404° ИГД / 39.81; 21.404
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хасија
Χάσια
Хасија is located in Грција
Хасија
Хасија
средиштен Пинд
југозападна Егејска Македонија, североисточен Епир, северозападна Тесалија
Највисока точка
ВрвКрчово
Надм. височина1.564 м
Координати39°48′36″N 21°24′14″E / 39.81° СГШ; 21.404° ИГД / 39.81; 21.404
Географија
Местосредиштен Пинд
југозападна Егејска Македонија, североисточен Епир, северозападна Тесалија

Хасија (грчки: Χάσια) — планина во состав на масивот Пинд, на придоната тромеѓа меѓу Гребенско во Егејска Македонија на север, Тесалија на југ и Епир на запад.

Планината е долга 40 км во правец исток-запад, а широка е 15-20 км од север кон југ, од општината Каламбака на југ до Дескати на север. Највисок врв е Крчово, кој се издига на надморска височина од 1.564 м.

Најблиски планини се Антихасија на југ, Камбуница на североисток и Лигос (северен Пинд) на запад. Од неа извираат притоки на Бистрица на север, како и оние на Пинеј и притоката Мургани на југ.

Населени места[уреди | уреди извор]

На планината се сместени следниве села: Какоплеври и Мерица (Оксинеја) на запад, Велемиште (Агиофило), Чатурија (Трикокија) и Вурохори (Ахладеја) и Деделер (Скити) во средишниот дел and Аспроклизија и Черешово (Керасула) на исток. Западно од планините се протега магистралата „Егнатија“ (Игуменица - Јанина - Кожани - Солун), а низ средината на Хасија минува Државниот автопат 15 (Каламбака - Гребен - Костур).

Планината е шумовита, просеана со бороови и смрчи. Погодна е за туризам и излети. Северозападните падини на Хасија гледаат на долината по горното течение на реката Војуша, како и кон градот Јанина со езерото.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]