Прејди на содржината

Јанинско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јанинско Езеро
Λίμνη Παμβώτιδα
Јанинско ЕзероΛίμνη Παμβώτιδα - Пристаништето во Молос
Јанинско Езеро
Λίμνη Παμβώτιδα - Пристаништето во Молос
Пристаништето во Молос
Место Епир, Грција
Координати 39°40′N 20°53′E / 39.667°N 20.883°E / 39.667; 20.883
Главен истек нема површински
Земји во сливот Грција
Најг. должина 7,9 км
Најг. ширина 5,4 км
Површина 19,4 км²
Прос. длабочина 4,5 м
Најг. длабочина 11 м
Надм. височина на површината 470 м
Острови 1
Населени места Јанина и Перама

Јанинското Езеро (грч. Λίμνη Ιωαννίνων) или Памвотида (Παμβώτιδα, Παμβώτις) е најголемото езеро во периферијата Епир.

Географски одлики

[уреди | уреди извор]

Езерото се наоѓа во централниот дел на Јанинскиот округ. Лежи во правецот северозапад-југоисток. На западниот дел од езерото се наоѓа градот Јанина, а на северните брегови на езерото лежи населбата Перама. Останатиот дел од брегот е земјоделско земјиште и шуми.

Долж езерото се сместени и мали рибарски пристаништа и едно поголемо пристаниште за излетнички бродови и наутичари. Езерото има и еден остров на својот источен дел. На тој остров, кој се вика Ниси (Нисос), се наоѓа сервис за бродови. Езерото од трите страни север, југ и исток (Митсикели), е опкружено со планини. Грчкиот магистрален пат GR-6 оди долж северните брегови на езерото.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]