Игуменица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Игуменица
Ηγουμενίτσα
Поглед на старото пристаниште
Поглед на старото пристаниште
Игуменица се наоѓа во Грција
Игуменица
Координати: 39°29′ СГШ 20°16′ ИГД / 
Земја Грција
Област Епир
Округ Теспротија
Управа
 • Градоначалник Гиоргос Кацинос
Површина
 • Општина 426,6 км2
 • Општ. един. 80,8 км2
Најг. вис. 10 м
Најм. вис. 0 м
Население (2011)[1]
 • Општ. 25.814
 • Општ. густина 6.051.101.734.646.0/km2
 • Општ. един. 17.902
 • Општ. един. густина 22.155.940.594.059/km2
Заедница
 • Население 9820
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. 461 00
Повик. бр. 26650
Рег. таб. ΗΝ
Мреж. место www.igoumenitsa.gr

Игуменица (грчки: Ηγουμενίτσα), е крајбрежен град во Cеверозападна Грција. Тој е главен град на подрачната единица Теспротија. Неговото оригинално античко име беше "Tитани". 670-километарски автопат Виа Егнација, кој е главната артерија на Северна Грција, завршува во Игуменица.

Историја[уреди | уреди извор]

Во антички времиња Игуменица беше познат како Титани, (Gitani, Gitana, Goumani) и беше еден од најважните градови на Кралството Теспротија во текот на 4 век п.н.е., што опфаќа 28 хектари. Обемот на нејзините ѕидови беше 2400 метри. Ѕидовите имаа четири порти. Внатрешните ѕидови, во облик на срп, го делеа градот на половина. Нејзината најважна кула, се наоѓа на врвот на ридот, во облик на круг, и се смета дека била верско светилиште. Ископувањата открија театар со 2.500 седишта и урнатини на два храмови.

Општина[уреди | уреди извор]

Сегашната општина Игуменица беше формирана со реформата на локалната власт во 2011 со спојување на следните 5 поранешни општини, кои стана општински единици (напишани во загради):

  • Игуменица (Агиа Марина, Агиос Власиос, Грекохори, Игуменица, Kaстри, Криовриси, Ладохори, Мавруди, Неа Селефкиа)
  • Маргарити (Елефтери, Картери, Катавотира, Маргарити, Мазаракиа, Месовуни, Спатареи)
  • Парапотамос (Дримица, Героплатанос, Коритиани, Парапотамос)
  • Пердита
  • Сивота (Аргиротопос, Фаскомилиа, Платариа, Сивота)

Транспорт[уреди | уреди извор]

Од Патра, Грција до Бриндизи, Италија со ферибот на Hellenic Mediterranean Lines застануваат во Игуменица, влегуваат во Јадранско Море и обратно, како и бродови на Superfast Ferries, ANEK lines и неколку други бродски компании, oдат до Анкона, Бари и Венеција во Италија, и обратно. Честo патувања со ферибот има и до Крф.

Егнација Одос, кој беше отворен во 2009 година и е дел од E-90, значително ја подобри врската со Солун и Турција и го скрати времето од и до турската граница за само неколку часа. Меѓу Солун и на турската граница, патот тече повеќе или помалку паралелно со античкиот римски Виа Егнација.

Население во градот[уреди | уреди извор]

Клима[уреди | уреди извор]

Новото пристаниште во градот

Просечните врнежи во Игуменица се околу 1100 мм. За споредба во Атина е само 380 мм; на Крит е 640 мм, а во Јанина 1300 мм.

Ова е табела на просечните температури на коппното и морето во 2005 г.

Mесец Копно Море
јануари 12°C 16°C
февруари 9°C 15°C
март 14°C 16°C
април 16°C 17°C
мај 22°C 19°C
јуни 25°C 22°C
јули 28°C 24°C
август 27°C 25°C
септември 25°C 24°C
октомври 20°C 23°C
ноември 18°C 20°C
декември 13°C 17°C

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]