Антихасија
| Антихасија | |
|---|---|
| Αντιχάσια | |
Карпест предел на планината | |
| Највисока точка | |
| Врв | Оксија |
| Надм. вис. | 1.424[1] м |
| Координати | 39°47′30″N 21°55′42″E / 39.7916°N 21.9283°E |
| Географија | |
| Место | Тесалија, Грција |
| Матичен венец | Пинд |
Антихасија (грчки: Αντιχάσια) — планина во Тесалија, Грција, дел од венецот Пинд. Областа Метеора влегува во состав на планината. Највисокиот врв се издига на 1.424 м надморска височина.[1]
Планината, заедно со Метеора и долините на реките Литеос и Мургани, е членка на мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (GR1440005).[2]
Географија
[уреди | уреди извор]Планината се наоѓа во северниот дел на Трикалско и Лариско, северозападно од Тесалиското Поле, протегајќи се во должина од 45 км. Највисокиот врв Оксија (1.424 м) и врвот Метеризија (1.382 м) се во источниот дел на планината.[2]
Карпите на планината се варовници и флиш.
Најблиски околни планини се Хасија на северозапад и Камбуница на североисток. Најблискиот град е Каламбака, сместен југозападно од планината, во околината на Метеора. Други населени места на планината се Вртигуша на источниот и Конискос на северниот дел. Автопатот ЕО6 (Лариса - Трикала - Јанина - Игуменица) поминува јужно, а ЕО15 (Каламбака - Гребен - Сачишта) поминува западно од планината.
Растителен и животински свет
[уреди | уреди извор]Планината Антихасија е обрасната со шуми. Шумскиот појас е претставен од листопадни растенија (сладун, благун, цер, чинар, бела врба, евла). На планината има големи подрачја со деградирана вегетација поради раширената сеча на дрва.[2][3]
Околината на Метеора претставува едно од најзначајните подрачја за птици во Грција. Најчестите птици на планината се орлите, ветрушките, луњите, соколите и бувовите. Вообичаени се и штрковите, како и различни видови на клукајдрвци.[2][3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Oreivatein.com“. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на 2024-01-20.
- 1 2 3 4 „N2K GR1440005“. Натура 2000. Архивирано од изворникот на 2018-09-14. Посетено на 2024-01-20.
- 1 2 „Αντιχάσια Όρη και Μετέωρα“ (грчки). Ελληνική Ορνιθολογική Εταιρεία. Архивирано од изворникот на 2016-03-25. Посетено на 2024-01-20.

