Штркови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Штркови
Asian Openbill (Anastomus oscitans) in Kolkata I IMG 0495.jpg
Младенче
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Поткласа: Нови птици
Ред: Штрковидни
Семејство: Штркови
Gray, 1840
Родови

Anastomus
Ciconia
Ephippiorhynchus
Jabiru
Leptoptilos
Mycteria

Европски бел штрк на гнездо во Хрватска

Штрковите (науч. Ciconiidae) се фамилија птици од редот на штрковидните, големи, со долги нозе, долг врат и долг, цврст клун. Штрковите живеат во многу подрачја во светот, и на посуви места од блиските на нив чапји, ибиси и лажичарки.

Опис[уреди | уреди извор]

Бел штрк во лет

Штрковите се неми, не испуштаат гласови, а комуницираат со штракање на клунот. Многу видови се преселници. Повеќето од нив јадат жаби, риби, инсекти, црви, мали птици и мали цицачи. Има 16 вида штркови распоредени во 6 рода. Поради крупното тело, а и големите крилја кои достигнуваат распон и до 3,2 метра, при летањето штрковите ги користат воздушните струења. Нивните гнезда се многу големи и може да ги користат повеќе години. Гнездото може да биде и до 2 метра во пречник и околу 3 метра длабоко. Тие се моногамни, но не онака како што се мислело за нив порано. Можно е да го сменат партнерот по преселбата, или да се селат без својот партнер. Нивното доживување како верни партнери потекнува од митологијата и културата, а не од реалниот живот.

Систематизација[уреди | уреди извор]

Родови и видови[уреди | уреди извор]

Mycteria leucocephala
Ephippiorhynchus asiaticus
  • Род Mycteria

Видови:

    • Mycteria cinerea
    • Mycteria ibis
    • Mycteria leucocephala
    • Mycteria americana
  • Род Anastomus

Видови:

    • Anastomus oscitans
    • Anastomus lamelligerus
  • Род Ciconia

Видови:

  • Род Ephippiorhynchus

Видови:

    • Ephippiorhynchus asiaticus
    • Ephippiorhynchus senegalensis
  • Род Jabiru

Вид:

    • Jabiru mycteria
  • Род Leptoptilos

Видови:

    • Leptoptilos javanicus
    • Leptoptilos dubius
    • Leptoptilos crumeniferus

Штрковите како мотив во книжевноста[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Марко Цепенков, Силјан штркот. Скопје: Култура, 2001.
  2. Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 46-48.