Бел штрк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бел штрк
Ciconia ciconia -Mscichy, Grajewo County, Poland-8.jpg
Бел штрк во Полска
Научна класификација
Царство: Животни
Класа: Птици
Ред: Штркови
Семејство: Штркови
Род: Штрк
Вид: Бел штрк
Биномен назив
Ciconia ciconia
(Linnaeus, 1758)
Распространетост и патишта на белиот штрк

       Размножување
       Презимување

  Преселба
Синоними

Ardea ciconia Linnaeus, 1758

Ciconia ciconia
Гнездо на бел штрк во Неготинско

Бел штрк (науч. Ciconia ciconia) — птица од редот штркови (Ciconiiformes) кој е составен од така наречените долгоноги птици во кои освен штрковите, припаѓаат и ибисот, белата чапја и други.

Изглед[уреди | уреди извор]

Белиот штрк е добро познат и лесно препознатлив по своите бели пердуви, црни врвови на крилјата и опашката, долги нозе и долг црн клун. Живее во мочуришта, влажни и поплавни подрачја до реки и езера, а гнездата освен на дрвјата, често ги свива и во населби, на покриви на куќи или електрични столбови. Храна бара или во плитка вода или во тревници, а најчесто јаде жаби, големи бубачки, но и гуштери, млади птици и глодари. Се огласува со клопот на клунот.

Размножување[уреди | уреди извор]

Во големо гнездо женката снесува пет јајца. За јајцата како и за младите птички, се грижат двата родители. Летаат бавно, но издржливо и во лет можат да поминат големи оддалечености.

Распространетост[уреди | уреди извор]

На есен се селат во Африка и Индија каде што презимуваат. За време на селидбата често едрат на топли воздушни струи (термали). Голема опасност за овој вид, како и за сите мочуришни птици, претставува сушењето на мочуриштата и големата употреба на пестициди.

Наводи[уреди | уреди извор]