Ајга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ајга — еден од позначјните и поголеми градови во времето на Македонското Кралство. Долг период овој град бил и престолнина на кралството поточно од времето на кралот Пердика I (729 - 678 година п.н.е) од аргеадската династија па до кралот Архелај кој ја интензивирал трговијата со соседните земји и поради малку поголемата оддалеченост од морето на Ајга престолнината ја преселил во градот Пела кој подоцна ќе стане главна престолнина на македонските кралеви. Сепак, градот Ајга и понатаму останал значаен град за македонските кралеви, кои имале обичај да бидат погребувани на местото на своите претци, поради што на ова место се наоѓа и гробницата на Филип II Македонски.

Галерија[уреди | уреди извор]