Пиерија (округ)
Пиерија Περιφερειακή ενότητα Πιερίας | |
---|---|
Округ | |
Општини во округот Пиерија | |
Пиерија во Грција | |
Координати: 40°15′N 22°25′E / 40.250° СГШ; 22.417° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Админ. центар | Катерина |
Управа | |
• Управник | Софија Мавриду |
Површина | |
• Вкупна | 1.516 км2 (585 ми2) |
Население (2021) | |
• Вкупно | 123.245 |
• Густина | 81/км2 (210/ми2) |
Поштен. бр. | 60x xx |
Повик. бр. | 235x0 |
Рег. таб. | ΚΝ |
Мреж. место | pieria.pkm.gov.gr |
Пиерија (грчки: Πιερία) — округ во јужниот дел на Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Катерина. Ова е најмалиот округ во Егејска Македонија и приближно се совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Катеринско“, иако опфаќа и некои места од Берско и Солунско. Денешниот назив го добил по долномакедонската област Пиерија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Изобилува со археолошки знаменитости и наоѓалишта, како што се светиот македонски град Дион, историската Пидна и замокот Платамон. Според преданијата, планината Шапка (наречена и Пиерија) во округот е дом на Орфеј[1] и музите,[2]. Во јужниот дел на Пиерија се наоѓа и Олимп — највисока планина во егејска македонија и цела денешна Грција, која митолошки се смета за дом на боговите. Други позначајни древни градови се Лејбетра и Пимплеја.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот административно се граничи со окрузите Лариса (во Тесалија) на југ и запад, Кожани на запад и Иматија (Берско) на север. Планината Шапка е сместена во западниот дел. На исток е Солунскиот Залив. Најголемиот дел од населението живее крај морето, во т.н. „Олимписка ривиера“.
Теренот е прилично мешовит: има големи рамници, високи планини и песочни плажи.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата е претежно средоземна, со врели лета и свежи зими. Во средишниот и западниот дел на Пиерија неретко зимите се остри и студени, особено на Шапка и Олимп.
Општини
[уреди | уреди извор]Округот Пиерија се дели на 3 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата):[3]
- Дион-Олимп (Дио-Олимпос) (2)
- Катерина (Катерини) (1)
- Пидна-Колиндар (Пидна-Колиндрос) (3)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Orpheus and Greek Religion (Mythos Books) by William Keith Guthrie and L. Alderlink, 1993, ISBN 0-691-02499-5, page 62
- ↑ E.C. Marchant, Commentary on Thucydides: Book 2,Πιερίας—between Mt. Olympus and the Thermaic Gulf, the original home of the Muses and birth-place of Orpheus.
- ↑ Законска реформа „Каликратис“ PDF
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Пиерија (округ) на Ризницата ?
- Портал на округот Пиерија
|
|