Долна Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Македонското Кралство.

Долна Македонија е географски поим кој ги опфаќал областите: Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида, Мигдонија, Антемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерида, Едонида, а во политичка смисла и Еордаја [1].

Започнувајќи со Херодот, античките автори приморска Македонија ја нарекувале - Долна Македонија, а планинскиот внатрешен дел - Горна Македонија [1]. Античките автори секогаш пишувале и говореле само за Долна и Горна Македонија [1], а никогаш за западна и источна Македонија [1] или источна Панонија [1], како што прават некои современи автори. Во историската литература има примери кога некои од македонските области наместо да се вбројат онаму каде што се наоѓале во антиката, се класифицираат според поделбата на источна и западна Македонија, што е научно и историски неточно [1]. Некои историчари областа Парорбелија ја вбројуваат во источна Македонија иако Страбон истакнал дека оваа област се наоѓала во Македонија, односно на македонска страна. Затоа областите во т.н источни делови на Македонија треба да се распоредат во Горна или Долна Македонија [1], во зависност од местоположбата [1].

Центарот и двете престолнини (првин во Ајга, а подоцна во Пела) се наоѓале во областа Ботиаја, од каде македонците започнале со освојување на тракиските области (тракиски во географска, а не во етничка смисла) [2] источно од Аксиј во 5. и 4. век пред нашата ера.



Поврзано[уреди | уреди извор]

Референци[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Историја ан Аргеадите, Наде Проева, Скопје, 2004
  2. Историја ан Аргеадите, Наде Проева, Скопје, 2004

Литература[уреди | уреди извор]

  • A Manual of Ancient Geography By Heinrich Kiepert, George Augustin Macmillan page 182 ISBN 1-146-40082-9 (англиски)
  • The Greek world in the fourth century By Lawrence A. Tritle Page 167 ISBN 0-415-10583-8 (англиски)
  • Hazlitt, The Classical Gazetteer, page 210 (англиски)