Елимеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Елимеја — област во Горна Македонија, околу средниот тек на реката Бистрица. На север се граничила со Орестида, Еордеја и Ботиаја, а на исток со Пиерија. Во времето на Филип II Македонски влегува во состав на Кралството Македонија. Во областа се наоѓаат (според Стефан Византиски) градовите: Аијана, Каисареја (која подоцна ќе ја обнови Јустинијан I) и Елимеја[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957