Ботиаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Областите на Македонското Кралство.

Ботиаја — област во средишниот дел на Античка Македонија меѓу Пиерија и Елимеја на југ, Еордеја на запад, Алмопија на север и Амфакситида на исток, односно териториите меѓу реките Могленица (Лудија) и Вардар (Аксиј), со градовите Воден, Пела и Бер.[1] Долниот тек на Бистрица и планинските венци на Каракамен и Пајак претставуваат нејзини природни граници.[2] Кај античките автори најчесто се спомнува како посебна област и тоа како област во која првиот македонски крал Пердика, според пророштвото, треба да основа град – престолнината на македонските кралеви — Ајга, а исто така тука е и втората престолнина — Пела.[3] Во римско време се споменуваат градовите: Кир, Скидра, Миеза, Ихне, Алор, Тириса и др.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 86. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Strabo, Geography, Harvard University Press, 1959–1960
  3. Thucidides, 4 vols., Harvard University Press, 1958
  4. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје 1957