Орестида

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Орестида била античка област во Горна Македонија. Се простирала во горниот тек на реката Халијакмон (Бистрица) и областа на Костурското и Преспанското Езеро[1]. Се граничела со Линкестида (на север), Елимеја (на југ), Параваја (запад) и Еордаја (исток). Најстариот и главен град бил Аргос Орестидски (близу сегашното Хрупишта), од каде што потекнувала македонската династија на Аргеадите[2].

Наводи[уреди]

  1. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957
  2. Strabonis, Geographica, Lipsiae, 1895-1913