Мигдонија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Границите на Мигдонија со Халкидики

Мигдонија (play /mɪɡˈdniə/; грчки: "Μυγδονία") била античка област населена од племето Мигдонци, наречена според епонимниот херој Мигдон, дел од античка Тракија, а подоцна освоена од Кралство Македонија. Прв ја спомнува Херодот во раскажувањето за походот на Ксеркс против Хелада.[1] Името често се користело како збирно, за означување на областите Крестонија, Бисалтија и Антемунт. Била густо населена област со развиен градски живот.

Областа ги опфаќала подрачјата околу Терма (Тесалоника), северните делови на полуостровот Халкидик (околу денешниот Солунски Залив), по долниот тек на р. Аксиј (Вардар) до Дојранското Езеро заедно со долините Клисали и Безикија, вклучувајќи го подрачјето на утоката на реката Вардар па на исток се до езерото Болбе. На север граничела со Крестонија.

Поголеми градови во Мигдонија биле: Ајнеа, Алтус, Ематија, Кисос, Мелисургис, Терма, Тесалоника, Халија, Синдос, Стрепса, Халастра, Хераклестис и други.

Поврзано[уреди]

Референци[уреди]

  1. Херодот, Hystoria

Литература[уреди]