Девриоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Македонското Кралство (околу 334-323 г.пр.н.е.) со прикажан Девриоп и други области.

Девриоп била античка област во Горна Македонија, покрај реката Еригон, дел од Пајонија, со градовите Стибера, Алкомена, можеби и градот Девриоп и др[1]. Во римско време, по 167 п.н.е., со поделбата на Македонија на четири мериди, Девриоп влегува во IV. мерида. Епиграфските натписи од село Чепигово и Бела Црква, југозападно од Прилеп, ја локализираат оваа област на северозападната граница што ѝ припаѓала на Пелагонија[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Livy. Ab urbe condita, 39.53.
  2. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957