Фанула Папазоглу

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ф. Папазоглу)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фанула Папазоглу
Fanula Papazoglu, 1942.jpg
Затвореничка слика на Папазоглу во логорот Бањица (1942)
Роден 3 февруари 1917(1917-02-03)
Битола, Македонија
Починал 26 јануари 2001(2001-01-26) (воз. 83 г.)
Белград, Србија
Живеалиште Белград
Националност Влаинка
Полиња древна историја, класицистика
Образование Белградски универзиет

Фанула Папазоглу — (3 февруари 191726 јануари 2001) — македонски и југословенски класицист, епиграф и академски работник, стручњак по древната историја на Балканот.

Биографија[уреди | уреди извор]

Родена е во 3 февруари 1917 г. во Битола во погрчено влашко семејство, каде што го завршува средното образование. Студира на Филозофскиот факултет во Белград класична филологија со историја на стариот век и археологија (1936-1941 г). За време на Втората светска војна, како член на студентската организација учествува во Народноослободителното движење од самиот почеток. Од октомви 1942 до април 1943 г. е затворена во логорот на Бањица, а во септември 1944 г. преминува илегално во Срем.

Од мај 1945 г. живее во Белград, работи во Министерството за информации. Во 1946 г. диломира на Филозофскиот факултет. Во 1947 е избрана за асистент, а во 1949 за предавач на Катедрата за историја на стариот век. Докторирала 1955 г.и е избрана за доцент, а во 1960 г. за вонреден професор и шеф на Катедрата. За редовен професор е избрана во 1965 г. а подоцно и за академик. Целиот свој работен век д-р Фанула Папазоглу го поминува во Белград како професор по античка историја на Грција и Рим, грчка и латинска епиграфија и нумизматика, но таа е тесно поврзана и со Македонија, а особено активно соработува со списанието „Жива Антика“ од неговиот прв број (1951). Предметот на нејзиниот научен интерес е историјата на античка Грција и Рим од најстариот период до византиско време, потесно – историјата на старобалканските племиња, а особено политичката, културната и економската историја на античка Македонија, и тоа строго врз основа на критичко проверени книжевни, археолошки, епиграфски и нумизматички извори. Проф. Фанула Папазоглу има објавено опширни и мошне квалитетни студии за сите, доскоро малку познати палеобалкански племиња, но во центарот на нејзините научно-истражувачки преокупации е Македонија од периодот на римската доминација, во текот на околу 700 години.

Инаку, со свои оригинални прилози акад. Папазоглу има учествувано на многубројни научни собири од областа на епиграфијата, археологијата и античката историја, особено на старобалканските племиња. Држела предавања и на повеќе универзитети во светот. За постигнатите научни резултати има добиено и многу високи признанија. Во 1974 г. е избрана за дописен член на САНУ, а во 1982 г. и за нејзин редовен член. Член е и на АНУБиХ. На 21 април 1994 г. на предлог на Одделението за лингвистика и литературна наука и на Одделението за општествени науки е избрана за член надвор од работниот состав во Одделението за општествени науки на МАНУ. Била е член на Германскиот археолошки институт, била почесен доктор на науки на Сорбона и член на Филолошкото друшство "Парнасос" од Атина. На Универзитетот во Белград, Папазоглу се запознава, а подоцна и стапува во брак со византологот од Георгије Острогорски. Умира во Белград во 2001 г.

Трудови[уреди | уреди извор]

  • Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957.
  • The Central Balkan Tribes in the pre-Roman times. Triballi, Autariatae, Dardanians, Scordisci and Moesians. Amsterdam Adolf M. Hakkert, 1978

Надворешни врски[уреди | уреди извор]