Чепигово
Чепигово — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Прилепското Поле, оддалечено 22,5 килиометри југозападно од Прилеп.
Историја[уреди | уреди извор]
Во близина на селото се наоѓаат остатоци од античкиот град Стибера, кој постоел од 3 век п.н.е. до 3 век од нашата ера.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Чапуго и имало 50 семејства и 2 неженети, сите христијани.[2]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чепигово живееле 73 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Чепигово имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 г. во Чепигово живееле 162 жители, од кои 160 Македонци и 2 останати.[5]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Чепигово има 149 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 144 |
Албанци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 5 |
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 73[3] | 80[4] | 146 | 188 | 216 | 197 | 218 | 186 | 167 | 162 |
Родови[уреди | уреди извор]
Чепигово е македонско село.
Родови во селото се:
- Доселеници: Дебрешлиовци (6 к.) доселени се од селото Дебреште во XIX век; Билевци (5 к.) и Ртовци (4 к.), порано биле еден род доселени се во XIX век од селото Поешево во Битолско; Маријовци (1 к.) доселени се од Мариово; Белоцркванци (2 к.) доселени се после 1912 година од селото Бела Црква, таму се викале Прчковци; Илинци (2 к.) и Смилевци (1 к.) доселени се, првите од Илино (Големо или Мало), а вторите од Бабино во Железник.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1505 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 127 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Бакарно Гумно — населба од бакарно и бронзено време
- Стибера (Бедем) — стар град од хеленистичко и римско време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.66
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
- ↑ 4,0 4,1 Brancoff, D.M.. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 150-151.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. Посетено на 2019-01-02.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.