Алинци (Прилепско)
Алинци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Алинци се наоѓа во јужниот дел на Прилепско Поле, оддалечено 12 километри јужно од Прилеп.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Алинци живееле 102 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Алинци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Алинци живеат 238 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 171 жител, од кои 161 Македонец, 1 Албанец и 9 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 102 | 120 | 351 | 403 | 449 | 486 | 449 | 296 | 281 | 238 | 171 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Алинци е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.
Родови во Алинци се:
- Доселеници: Станковци (5 куќи) доселени се од Дрен во Раец; Николовци или Лулевци (12 куќи) доселени се однекаде; Вишиновци (5 куќи) доселени се од селото Беровци; Головодци (5 куќи) доселени се од селото Света во Железник. Таму имале истоимени роднини; Муловци (4 куќи) доселени се од Кадино Село, и таму се доселени однекаде; Секуловци (5 куќи) доселени се од Марул, пред тоа живееле во Бонче, таму им се род Стојковци; Милошевци (1 куќа) доселени се од Веселчани. И таму биле доселени однекаде; Црневци (2 куќи) доселени се од Големо Коњари, таму имаат роднини, и таму се доселени однекаде.[10]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1506 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[13]
- Црква „Вознесение Христово“ — селската црква;
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Бостаништа — некропола од римско време;
- Црквиште — осамени наоди од римско време;
- Бобарски Гробишта — некропола од непознат период;[10]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Беровци и Јаричевци се иселени во Беровци. Муртановци иселени се во Ношпал. Од родовите Станковци, Секуловци и Јаричевци има по едно семејство иселено во Прилеп.[10]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 244.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069