Алмопија
- Ова е статија за античката област. За денешниот регион видете Меглен

Карта на Македонското Кралство (околу 334-323 г.пр.н.е.) со прикажана Алмопија и други области.
Алмопија (старогрчки: Ἀλμωπία) — област во стара Долна Македонија, која ја опфаќала малата долина по горниот тек на реката Лудија (Колудеј), меѓу областите Еордеја и Пелагонија. Македонците ја освоиле (според Тукидид), за време на првите Темениди,[1] спуштајќи се од Горна Македонија во Ботиаја и Пиерија.[2] Била густо населена уште во антиката. Птолемај споменува три града: Алмопа, Хорма и Апсал. Областа денес е позната како Могленска Долина или Меглен, опколена со планините Ниџе и Пајак.[3][1]
Наводи[уреди | уреди извор]
|