Итака (грчки: Ιθάκη) — грчки остров кој се наоѓа во Јонското Море, со површина од 120 км2, и 3.084 жители [2]. Островот е општина во префектурата Кефалинија и се наоѓа североисточно од брегот на Кефалоња, и западно од континентална Грција. Најмногу е познат по ХомероватаИтака, како домот на Одисеј во Одисеја.
Името на Итака останало непроменето од класичните времиња. Постојат различни тумачења за потеклото на името на Итака; според едни островот го добил името по митолошкиот херој Итак, по други од грчкиот збор "ithy" што значи весел, а некои сметаар дека името настанало од феничанскиот збор "utica" што значи колонија.
Авантурите на Одисеј траеле дваесет години, а сета негова сила и мисла била врзана за враќањето на островот Итака со кое владеел и на кој го чекала неговата верна сопруга Пенелопа и синт наследник Телемах. Островот Итака бил карпест и на него населението се занимавало со земјоделство и сточарство, по ништо посебно, ни богато. Но верноста на Пенелопа и мистичното исчезнување на Одисеј по Тројанската војна, на Пенелопа ѝ обезбедиле несакани просци. Токму пред враќањето на Одисеј во својот дом, дванаесет хеленски владетели ја побарале за сопруга, донесувајќи насилна одлука дека таа мора да одбере еден од нив. Одисеј, кого Атена го престорила во просјак со својот син им се спротивставува и го зачувува домот и семејството.[3]