Левкада

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лефкада)
Прејди на: содржини, барај

Левкада или Лефкада (англиски: Λευκάδα) — остров кој припаѓа на групата Јонски Острови во источна Грција. Административно Левкада заедно со неколку помали околни острови го сочинува округот Левкада. Најважно и најголемо место е истоимениот град Левкада.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Вкупната површина на островот е преку 300 km² (90% од префектурата). Островот е одвоен од копното со проток, широк околу 2 km, но споен со мост. Северно од Левкада се наоѓа Крф, а јужно Кефалонија и Итака. Левкада е главно карпеста и ридеста. Постојат и неколку мали плодни долини.

Климата на островот е средоземноморска со долги и топли лета и благи и врнежливи зими. Растителниот и животинскиот свет е препознатлив за Средоземјето. Разни култури се одгледуваат во неколкуте мали долини - маслинка, винова лоза, агруми и останат зеленчук и овошје.

Историја[уреди | уреди извор]

Левкада е населена уште од праисториско време. Лежи северозападно од полуостровот Пелопонез, а северно од островот Кефалонија во Јонско Море, и денес припаѓа на Грција.

Во средниот век островот припаѓал на Византија. Средновековниот дворец, со италијанско име Santa Maura го основал италијанското владетелско семејство Токо (Tocco).

Турците го држеле островот под контрола повеќе пати. Почнувајќи од 1479. до 1502. и од 1504. до 1684. Островот го зазедоа уште еднаш, но кратко, од 1715. до 1716. Тој бил единствен Јонски Oстров кој го контролирале Турците. Во 1716. година Млетачката република го вратила островот под своја управа, која го поседувала од 1684. па сè до 1797 година. Во 1864. Левкада е припоена кон грчкото кралство.