Вртикоп (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Вртикоп
Δήμος Σκύδρας
Dimos Skydras - Central Macedonia.svg
Општината Вртикоп на картата на областа Централна Македонија
Dimos Skydras Topo.png
Топографска карта на општината Вртикоп
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Постол
Гео. област: Сланица
Население: 21.147 (2001)
Седиште: Вртикоп
Нас. места: 21
Пошт. бр.: 585 00
Пов. бр.: 23810
Портал: skydra.gr

Вртикоп или Вртокоп (грчки: Δήμος Σκύδρας, Димос Скидрас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Вртикоп (Скидра). Општината е сместена во областа Сланица.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината Вртикоп е создадена по законот „Каликратис“ на 1 јануари 2011 г., со спојување на две стари општини: Вртикоп и Мениида.[1]

Општинска единица Вртикоп[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Вртикоп на картата на некогашниот округ Пела.

Според пописот од 2001 г., општината Вртикоп има 15.654 жители и и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Вртикоп
  • град Вртикоп (или Вртокоп; Σκύδρα, Скидра) (5.081 жител)
  • Општински оддел Арсен
  • село Арсен (Αρσένι, Арсени) (1.409 жители)
  • Општински оддел В’гени
  • село В’гени (Σεβαστιανά, Севастијана) (1.501 жител)
  • Општински оддел Врбени
  • село Врбени (Νέα Ζωή, Неја Зои) (201 жител)
  • Општински оддел Групиново
  • село Групиново (или Гропино; Δάφνη, Дафни) (667 жители)
  • Општински оддел Каменик (1.691 жители)
  • село Каменик (Πετρία, Петрија) (921 жител)
  • село Бања (Λουτροχώρι, Лутрохори) (466 жители)
  • село Ново Село (Πλεύρωμα, Плеврома) (294 жители)
  • Општински оддел Колибите
  • село Колибите (Καλύβια, Каливија) (1.186 жители)
  • Општински оддел Липохори
  • село Липоор (или Липохоро, Липохори, Λιποχώρι) (1.032 жители)
  • Општински оддел Прањани
  • Општински оддел Ризово
  • село Ризово (Ριζό, Ризо) (1.081 жител)
  • Општински оддел Треболец
  • село Треболец (Μαυροβούνι, Мавровуни) (1.021 жител)

Општинска единица Мениида[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Мениида на картата на некогашниот округ Пела.

Според пописот од 2001 г., општината Мениида (Δήμος Μενηίδος) има 5.493 жители и и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Калиница
  • село Калиница (или Јачкој, Καλή, Кали) (1.684 жители)
  • Општински оддел Дреново (136 жители)
  • Општински оддел Карамзино (696 жители)
  • село Карамзино (или Кара Азма, димотики Καλλίπολή, Калиполи, катаревуса Καλλίπολις, Калиполис) (484 жители)
  • село Сенделчево (или Сендил, димотики Σανδάλι, Сандали, катаревуса Σανδάλιον, Сандалион) (212 жители)
  • Општински оддел Мандалево
  • село Мандалево (димотики Μάνδαλο, Мандало, катаревуса Μάνδαλον, Мандалон) (1.153 жители)
  • Општински оддел Недирчево
  • село Недирчево (или Надр, димотики Άνυδρο, Анидро, катаревуса Ἄνυδρον, Анидрон) (534 жители)
  • Општински оддел Свети Илија
  • село Свети Илија (или Мечкили, Προφήτης Ηλίας, Профитис Илијас) (1.290 жители)

Поранешни села[уреди | уреди извор]

На територијата на општината Вртикоп се наоѓаат и три раселени села: Маврејново (Μαύρο, Мавро), Орман Чифлик (Δενδρί, Дендри) и Превртенец (Δελικλή Καγιά, Деликли Каја).

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]