Прејди на содржината

Ризово

Координати: 40°44′N 22°08′E / 40.733° СГШ; 22.133° ИГД / 40.733; 22.133
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ризово
Ριζό
Ризово is located in Грција
Ризово
Ризово
Местоположба во областа
Ризово во рамките на Вртикоп (општина)
Ризово
Местоположба на Ризово во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°44′N 22°08′E / 40.733° СГШ; 22.133° ИГД / 40.733; 22.133
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаВртикоп
Надм. вис.&1000000000000005000000050 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.012
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ризово (грчки: Ριζό, Ризо; книжевно: Ριζόν, Ризон; до 1926 година: Ρίζοβον, Ризовон[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на јужно од градот Вртикоп, сред самото пространо поле, на надморска височина од 50 метри.[3] Селскиот атар зафаќа површина од 10 квадратни километри.

Сместено е во областа Сланица, на околу 18 километри југоисточно од градот Воден, во североисточното подножје на планината Каракамен.

Низ селото минува главниот пат од градовите Бер и Негуш за Вртикоп и Воден.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

До 1924 година, селото било населено исклучително со македонско население.[3]

Во 1924 година, грчките власти започнале со населување на поголем број грчки бегалски семејства од Понд. Во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 86 бегалски семејства со вкупно 382 жители.[4]

Во 1926 година селото добило ново име, Ризо (Ριζό).

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Денес, главно занимање на селаните е овоштарството. Подигнати се големи плантажи со праски и јаболка, но во помали количества се произведуваат и жито, памук и детелина, потребна за исхрана на кравите кои, исто така, се одгледуваат во сè поголем број.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ризово (Rizovo) е село во Воденската каза на Отоманското Царство со 34 куќи со вкупно 155 жители.[5]

Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите години во Ризово (Ρίζοβο) имало 6 семејства христијани.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 жители Македонци.[3][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ризово (Rizovo) имало 120 Македонци.[3][8]

Во 1910 година во селото (Ρίζοβον) имало 75 жители христијани и 495 муслимани.[9]

Во 1920 година, Ризово било посочено со 1 турска куќа и 4 куќи на Роми-муслимани.[3][10]

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 77 жители (од кои 40 мажи и 37 жени[11]), а во 1920 година со 218 жители. Грчките власти во 1924 година тука населиле поголем број бегалски семејства од Понд со вкупно 165 бегалци, така што селото станала мешана населба која во 1928 година била забележана со 449 жители. Во 1940 година, Ризово имало 640 жители (од кои 240 Македонци и 400 бегалци), во 1951 година поради Граѓанската војна бројот на жителите опаднал на 594, додека во 1961 година се искачил на 830. Во 1971 година, селото имало 968, во 1981 година 921, а во 1991 година 1.013 жители. Покачувањето на бројот на жителите на Ризово се должело на големиот просперитет, бидејќи селото е доста богато благодарение на фактот што се наоѓа во поле и земјиштето кое е многу плодно, целосно се наводнува.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.081 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.012 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 640 594 830 968 921 1.013 1.081 1.012
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ризово, во кој е единствено село.

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρίζοβον -- Ριζό
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 57.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
  6. Σχινάς, Νικόλαος. Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
  7. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190 - 191.
  9. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
  10. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
  11. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)“. Архивирано од изворникот 2012-12-16. Посетено на 2012-12-16.