Колибите (Ениџевардарско)

Координати: 40°45′N 22°13′E / 40.750° СГШ; 22.217° ИГД / 40.750; 22.217
Од Википедија — слободната енциклопедија
Колибите
Καλύβια
Колибите is located in Грција
Колибите
Колибите
Местоположба во областа
Колибите во рамките на Вртикоп (општина)
Колибите
Местоположба на Колибите во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°45′N 22°13′E / 40.750° СГШ; 22.217° ИГД / 40.750; 22.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаВртикоп
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.095
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Колибите или Колибалар (грчки: Καλύβια) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа западно од градот Пазар и јужно од главниот пат што води од Пазар за градот Воден, на надморска височина од 15 метри.[2] Селскиот атар зафаќа површина од 10 квадратни километри.

Сместено е на 22 километри југоисточно од градот Воден и на 6 километри источно од општинското средиште Вртикоп.

Историја[уреди | уреди извор]

Како што покажува и самото име, во минатото била мала колибарска чифлигарска населба, но денес е прерасната во современо изградено село.[2]

По 1924 година, во селото биле населени грчки бегалски семејства. Во 1928 година, селото претставувало мешана бегалска населба со 41 бегалско семејство со вкупно 167 жители.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Бидејќи се наоѓа во поле, а речиси сите обработливи површини се наводнуваат и даваат високи приноси, селото е доста богато, што може да се забележи и од порастот на населението во последните децении. Главни производи се овошје, памук, пченица, пченка и други земјоделски производи. Дел од населението се занимава и со краварство.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 30 жители Македонци и 40 Черкези, кои изгледа подоцна го напуштиле селото.[2][4]

Милоевиќ го забележал селото Колибите како македонско село со 10 куќи и со две куќи на Роми-муслимани.

Во пописот од 1913 година било забележано со 212, а во 1920 година со 287 жители, колку што броеле Македонците, бидејќи покрај Черкезите и двете семејства на Ромите го напуштиле селото порано. Грчките власти тука во 1924 година населиле повеќе бегалски семејства (вкупно 166 бегалци). Во Колибите заедно со помалобројните бегалски семејства во 1928 година биле забележани 456 жители, во 1940 година нивниот број се искачил на 751 жител, во 1951 година на 895, во 1961 година на 1.027, во 1971 година на 1.045, во 1981 година на 1.119, а во 1991 година на 1.344 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.186 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.095 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 751 895 1.027 1.045 1.119 1.344 1.186 1.095
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Колибите, во кој е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 71.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149.

Белешки[уреди | уреди извор]