Свети Илија (село)
Свети Илија Προφήτης Ηλίας | |
---|---|
Поглед на селото Свети Илија (во позадина се гледа селото Калиница) | |
Координати: 40°49′N 22°10′E / 40.817° СГШ; 22.167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Вртикоп |
Општ. единица | Мениида |
Надм. вис. | 60 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.036 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Свети Илија или Мечкили (грчки: Προφήτης Ηλίας, Профитис Илијас) — село во општина Вртикоп, Воденско, Егејска Македонија, денес во Постолскиот округ на областа Централна Македонија во Грција. Населението брои 1.036 жители (2011).[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа источно од градот Воден и северно од градот Вртикоп, на надморска височина од 60 метри.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 19 квадратни километри.
Селото е сместено во Солунското Поле, на околу 2 км западно од селото Калиница. Низ Свети Илија минува реката Мегленица.
Историја
[уреди | уреди извор]Во минатото, селото било населено со македонско и со турско население.[3]
Во септември 1910 година селото настрадло за време на разоружувачката акција на младотурците. Од селото биле собрани 10 пушки „Гра“, 8 кубури и 7 револвери. Дел од селаните биле истепани, а осум уапсени и одведени во Вртикоп.[4]
Во 1924 година Турците се иселени во Турција согласно Лозанскиот договор и на нивно место се населени грчки доселеници од Мала Азија, Источна Тракија и Понт (вкупно 242 бегалци).[3][5] Во 1928 г. селото имало мешано население,[6] со 451 доселеници (108 семејства) и 230 староседелци.[7]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главни производи на селото се: овошје (големи количества праски и јаболка), бостан, сусам и пченица, а делумно е развиено и краварството.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Според делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ (1878), во 1873 г., Свети Илија (St Ilia) било село во Воденската каза со 66 куќи и 215 машки жители Македонци христијани и 85 Македонци муслимани.[8]
Според Николаос Схинас (Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας) во средината на 1880-тите, Свети Илија (Άγιος Ηλίας) имало 36 семејства христијани.[9]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 310 Македонци и 220 Турци.[3][10] Според податоци на секретарот на Бугарска егзархија, Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne) во 1905 г. во Свети Илија (Sveti-Ilia) имало 160 Македонци и 60 Власи, и работело грчко училиште.[11]
В 1910 година в селото (Άγιος Ηλίας) имало 75 жители егзархисти.[12]
Според податоци од 1920 г. селото Свети Илија има 20 куќи на Словени христијани и 40 куќи на Роми христијани.[13]
Свети Илија во пописот од 1913 година било водено со 286 жители (од кои 164 мажи и 122 жени[6]). Во друго издание на грчката статистика се сретнува податокот од 557 жители, што изгледа е поточно. Во 1920 година селото броело 533 жители. По иселувањето на Турците во Турција, грчките власти населиле поголем број грчки бегалски семејства (вкупно 242 бегалци). Така, селото повторно станало мешана населба, која во 1928 година била забележана со 681 жител, а во 1940 година со 998 жители, од кои 405 Македонци и 593 бегалци. Бидејќи не претрпело загуби во Граѓанската војна и бидејќи земјиштето е многу плодно и делумно се наводнува, селото покажало зголемување на населението. Во пописот од 1951 година биле попишани 1.038 жители, во 1961 година 1.087, во 1971 година 1.146, во 1981 година 1.212, а во 1991 година 1.477 жители.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.290 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.036 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 998 | 1.038 | 1.087 | 1.146 | 1.212 | 1.477 | 1.290 | 1.036 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Свети Илија, во кој е единствено село.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Попис на постојаното население во 2011 г. Архивирано на 16 октомври 2015 г. — Статистичка управа на Грција (грчки)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 58.
- ↑ Дебърски глас, година 2, брой 22, 18 септември 1910, стр. 4.
- ↑ „Свети Илија на порталот на некогашната општина Мениида“. Архивирано од изворникот на 2009-08-21. Посетено на 2014-08-02.
- ↑ 6,0 6,1 „Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)“. Архивирано од изворникот 2012-12-16. Посетено на 2012-12-16.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158-159.
- ↑ Σχινάς, Νικόλαος. Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Наведено во: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
- ↑ Канчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Наведено во: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
- ↑ Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Наведено во: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
Белешки
[уреди | уреди извор]- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Портал на Општина Вртикоп (грчки)
|