Прејди на содржината

Сенделчево

Координати: 40°48′N 22°13′E / 40.800° СГШ; 22.217° ИГД / 40.800; 22.217
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сенделчево
Σανδάλι
Сенделчево is located in Грција
Сенделчево
Сенделчево
Местоположба во областа
Сенделчево во рамките на Вртикоп (општина)
Сенделчево
Местоположба на Сенделчево во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°48′N 22°13′E / 40.800° СГШ; 22.217° ИГД / 40.800; 22.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаМениида
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно169
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Сенделчево (грчки: Σανδάλι, Сандали; книжевно: Σανδάλιον, Сандалион; до 1926 година: Σίνδελ, Синдел[2]) — село во Пазарско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 23 километри западно од градот Пазар, крај самиот главен пат од Пазар за Воден, на надморска височина од 30 метри.[3]

Сместено е во Солунското Поле, на 24 километри источно од градот Воден.

Историја

[уреди | уреди извор]

До 1924 година било населено со македонско и со ромско население.[3]

По Грчко-турската војна во 1922 година, во него биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 24 бегалски семејства со вкупно 78 жители.[4]

Во 1926 година, името на селото било променето во Сандали (Σανδάλι).

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Бидејќи лежи сред самото поле и обработливото земјиште се наводнува, селото е доста богато. Главни производи на населението се овошје (јаболка и праски), жито и памук, а делумно е развиено и краварството.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Сенделчево живееле 80 Македонци и со 60 Роми.[3][5]

Во пописот од 1913 година било забележано со 76, а во 1920 година со 86 жители, но изгледа дека тие малку подоцна биле раселени, бидејќи во селото во 1924 година биле сместени бегалски семејства од Источна Тракија и од Мала Азија, така што Сенделчево станало чиста бегалска населба. Сенделчево во 1928 година било забележано со 130 жители, во 1940 година со 199, во 1951 година со 215, во 1961 година со 230, во 1971 година со 214, во 1981 година со 186, а во 1991 година со 152 жители, сите бегалци.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 212 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 169 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 199 215 230 214 186 152 212 169
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Карамзино, во кој покрај Сенделчево, влегува и селото Карамзино.

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σίνδελ -- Σανδάλι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 79.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 146.