Карамзино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карамзино
Καλλίπολη
Карамзино is located in Грција
Карамзино
Карамзино
Местоположба во областа
Карамзино is located in Вртикоп (општина)
Карамзино
Местоположба на Карамзино во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°47′N 22°14′E / 40.783° СГШ; 22.233° ИГД / 40.783; 22.233Координати: 40°47′N 22°14′E / 40.783° СГШ; 22.233° ИГД / 40.783; 22.233
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаМениида
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно456
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Карамзино или Кара Хамза (грчки: Καλλίπολη, Калиполи; книжевно: Καλλίπολις, Калиполис; до 1926 година: Καράμζα, Карамза[2]) — село во Пазарско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 17 километри западно од градот Пазар, крај самиот пат за Воден, во самото поле, на надморска височина од 15 метри.[3]

Сместено е во Солунското Поле, на 25 километри источно од Воден.

Историја[уреди | уреди извор]

До 1924 година, селото било населено со македонско и турско население.[3]

Македонското население го напуштило селото пред 1920-тите години.[3]

По Грчко-турската војна во 1922 година, турското население се иселило во Турција, а на негово место биле населени грчки бегалци од гратчето Галиполи и неговата околина. Џамијата на сретселото била претворена во црква.[4] Во 1928 година, селото претставувала чиста бегалска населба со 74 бегалски семејства со вкупно 279 жители.[5]

Во 1926 година, името на селото било променето во Калиполи (Καλλίπολη), грчки облик на името Галиполи.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува пченица, памук, овошје и други производи, а делумно е развиено и сточарството, особено краварството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Кара Амзин (Карамзино) живееле 40 Македонци и 250 Турци.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карамджино (Karamdjino) имало 48 Македонци.[3][7]

Во 1920 година, Карамзино било посочено како чиста турска населба со 75 куќи.[3][8]

Кара Хамза во 1913 година било забележано со 274, а во 1920 година со 293 жители. По иселувањето на Турците во 1924 година, тука се населиле бегалски семејства од Источна Тракија. Бројот на жителите во 1928 година изнесувал 274, во 1940 година 484, во 1951 година 411, во 1961 година 430, во 1971 година 478, во 1981 година 518, а во 1991 година 556 жители, сите бегалци.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 484 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 456 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 484 411 430 478 518 556 484 456
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Карамзино, во кој покрај Карамзино влегува и селото Сенделчево.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καράμζα -- Καλλίπολις
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 70. 
  4. Карамзино на сайта на Дем Мениида
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  6. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 146.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102–103.
  8. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонја - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)

Белешки[уреди | уреди извор]