Мандалево

Координати: 40°51′N 22°13′E / 40.850° СГШ; 22.217° ИГД / 40.850; 22.217
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мандалево
Μάνδαλο
Поглед на селото
Поглед на селото
Мандалево is located in Грција
Мандалево
Мандалево
Местоположба во областа
Мандалево во рамките на Вртикоп (општина)
Мандалево
Местоположба на Мандалево во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°51′N 22°13′E / 40.850° СГШ; 22.217° ИГД / 40.850; 22.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаМениида
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.080
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Мандалево (грчки: Μάνδαλο, Мандало; книжевно: Μάνδαλον, Мандалон; до 1926 година: Μανδάλοβο, Мандалово[2]) — село во Пазарско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото од манастирот „Св. Богородица“ над селото Бабјани.

Селото се наоѓа на 21 километар северозападно од градот Пазар, во јужното подножје на планината Пајак, на надморска височина од 80 метри.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 23 квадратни километри.

Сместено е во Солунското Поле, на околу 5 километри северно од Калиница.

Историја[уреди | уреди извор]

Според Христо Силјанов по Илинденското востание, во 1904 година целото село преминало под раководство на Бугарската егзархија.[4] По востанието, за првпат, во Мандалево се отворило и бугарско училиште.[5]

Мандалево до 1924 година било населено исклучиво со македонско население.[3]

По Грчко-турската војна во 1922 година, во него се населиле понтски Грци, бегалци од градот Аргос.[6] Во 1928 година, селото била мешана населба со 89 бегалски семејства со вкупно 275 жители.[7]

Селото било изгорено на 24 ноември 1944 година во текот на Втората светска војна. За време на Граѓанската војна, исто така, тешко настрадало.

Во 1926 година, името на селото било променето во Мандало (Μάνδαλο).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото е полупланинско и не е така богато како низинските. Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а релативно добро е развиено и сточарството, за што постојат поволни услови (планински пасишта).[3]

Население[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Никола“ во селото Мандалево.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Калиница (Јач Ќој) живееле 118 Македонци.[3][8] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мандалево (Mandalevo) имало 144 Македонци.[9]

Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев, пред 1909 година Мандалево имало 15 христијански куќи. Во зима живееле и 17 влашки семејства. Хрлев го опишал селото како „многу западнато“. Основна дејност било земјоделството, свиларството и сточарството. При спорот меѓу Егзархијата и Патријаршијата во 1909 година, месната црква била затворена.[5]

Во 1913 година било забележано со 85, а во 1920 година со 175 жители. Во 1924 година, во Бугарија се иселиле само 5 души, а во исто време тука се населиле поголем број бегалски семејства (вкупно 249 бегалци), така што селото станало не само мешана, туку и зголемена населба. Целокупното население на Мандалево во 1928 година изнесувало 485 жители, во 1940 година 601, во 1951 година 595 жители, во 1961 година 721, во 1971 година 777, во 1981 година исто така 777, а во 1991 година 821 жител, од кои половината Македонци, а другите потомци на бегалците.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.153 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.080 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 601 595 721 777 777 821 1.153 1.080
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Мандалево, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
  • Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, изградена пред 1855 година, подоцна изгорела и повторно е изградена нова, околу 1915 година.[10].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μανδάλοβο -- Μάνδαλος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 74.
  4. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1993, стр. 126.
  5. 5,0 5,1 Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 83.
  6. „Мандалово на страницата на општината Мениида“. Архивирано од изворникот на 2009-08-21. Посетено на 2016-03-17.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 146.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102–103.
  10. „Μάνδαλο, http://www.dimosmeniidos.gr“. Архивирано од изворникот на 2009-08-21. Посетено на 2016-03-17. Надворешна врска во |title= (help)

Белешки[уреди | уреди извор]