Прејди на содржината

В’гени

Координати: 40°46′N 22°07′E / 40.767° СГШ; 22.117° ИГД / 40.767; 22.117
Од Википедија — слободната енциклопедија
В’гени
Σεβαστιανά
Поглед на селото В’гени (второто по оддалеченост на фотографијата)
Поглед на селото В’гени (второто по оддалеченост на фотографијата)
В’гени is located in Грција
В’гени
В’гени
Местоположба во областа
В’гени во рамките на Вртикоп (општина)
В’гени
Местоположба на В’гени во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°46′N 22°07′E / 40.767° СГШ; 22.117° ИГД / 40.767; 22.117
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаВртикоп
Надм. вис.&1000000000000006000000060 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.392
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

В’гени или В’нгени (грчки: Σεβαστιανά, Севастјана; до 1926 година: Βίγκενη, Вигени[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа три километри западно од градот Вртикоп, сред самото воденско-пазарско поле, на надморска височина од 60 метри.[3] Селскиот атар зафаќа површина од 12 квадратни километри.

Сместено е во областа Сланица.

Историја

[уреди | уреди извор]

До 1924 година, селото В’гени било населено со македонско и турско население.[3]

Муслиманското население на В’гени било иселено во Турција во 1924 година во согласност со Лозанскиот договор и на негово место биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 106 бегалски семејства со вкупно 471 жител.[4]

Во 1926 година, селото било преименувано во Севастјана (Σεβαστιανά).

Селото настрадало за време на Втората светска војна, иако тоа не се почувствувало на бројот на жителите.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Земјиштето е рамно и многу плодно, бидејќи се наводнува. Населението произведува многу овошје, пченица, памук и други земјоделски култури. Делумно е развиено и краварството.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. В’гени (Vagheni) е село во Воденската каза на Отоманското Царство со 22 куќи со вкупно 104 жители.[5]

Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите години во В’гени (Βούγκιανη) имало 12 семејства христијани и 40 муслимани.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 жители Македонци, 240 Турци и 90 Роми.[3][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вугљани (Vougliani) имало 120 Македонци.[8]

Во 1920 година, В’гени било посочено со 40 турски куќи и 17 македонски семејства.[3][9]

Во пописот од 1913 година селото било забележано со 158 жители (во други грчки статистички показатели се води со 475, што е веројатно поточно). Во 1920 година имало 440 жители. По иселувањето на Турците во 1924 година, тука биле населени повеќе бегалски семејства од Понд и Мала Азија - вкупно 318 жители. Така, селото станало мешана населба, која во 1928 година имало 589 жители. Во 1940 година нивниот број се искачил на 987, од кои 263 Македонци и 724 бегалци. Иако селото настрадало во Втората светска војна, бројот на жителите во селото се зголемува. Во 1951 година биле забележани 1.005 жители, во 1961 година нивниот број се искачил на 1.216, во 1971 година биле забележани 1.257, во 1981 година 1.213, а во 1991 година се искачило на 1.348 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.501 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.392 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 987 1.005 1.216 1.257 1.213 1.348 1.501 1.392
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел В’гени, во кој е единствено село.

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βίγκενη -- Σεβαστιανά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 44–45.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
  6. Σχινάς, Νικόλαος. Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
  7. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190 - 191.
  9. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)