Недирчево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Недирчево
Άνυδρο
Недирчево is located in Грција
Недирчево
Недирчево
Местоположба во областа
Недирчево is located in Вртикоп (општина)
Недирчево
Местоположба на Недирчево во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°50′N 22°13′E / 40.833° N; 22.217° E / 40.833; 22.217Координати: 40°50′N 22°13′E / 40.833° N; 22.217° E / 40.833; 22.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаМениида
Надм. вис.&1000000000000003500000035 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.378
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Недирчево или Над’р (грчки: Άνυδρο, Анидро; книжевно: Ἄνυδρον, Анидрон; до 1926 година: Νιδήρ или Νεδήρ, Нидир или Недир[2]) — село во Пазарско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 27 километри западно од градот Пазар и на 8 километри североисточно од градот Вртикоп, на надморска височина од 35 метри.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 10 квадратни километри.

Сместено е во Солунското Поле, на 18 километри источно од градот Воден.

Историја[уреди | уреди извор]

Недирчево до 1924 година било населено исклучително со турско население.[3]

Турското население се иселило во Турција во 1923 година по завршувањето на Грчко-турската војна во согласност со размената на населението предвидена со Лозанскиот договор, а на негово место биле населени 350 грчки бегалски семејства, бегалци од селото Баирќој.[4] Во 1928 година, Недирчево било претставено како чиста бегалска населба со 128 бегалски семејства со вкупно 463 жители.[5]

Во 1926 година, името на селото било променето во Анидро (Άνυδρο).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението главно се занимава со земјоделство, а како главни производи се житото, тутунот, овошјето и градинарските култури.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Калиница (Јач Ќој) живееле 290 Турци.[3][6]

На пописот во 1913 година селото било забележано со 403, а во 1920 година со 498 жители. Во согласност со Лозанскиот договор, Турците биле иселени во 1924 година во Турција, а на нивно место биле населени бегалски семејства од Источна Тракија, а подоцна и неколку влашки семејства. Во 1928 година биле попишани 500 жители, во 1940 година 720, во 1951 година 711, во 1961 година 557, во 1971 година 488, во 1981 година 490, а во 1991 година повторно 490. Последиците за намалувањето на бројот на жителите се должело на релативно пасивното земјиште, поради што жителите се преселувале во поголемите градски центри и во странство..[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 534 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 382 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 720 711 557 488 490 490 534 382
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Недирчево, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νιδήρ -- Άνυδρο
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 74–75.
  4. Недирчево на страницата на поранешната општина Мениида
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  6. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 146.

Белешки[уреди | уреди извор]