Липоор
Липоор Λιποχώρι | |
---|---|
Координати: 40°45′N 22°11′E / 40.750° СГШ; 22.183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Вртикоп |
Општ. единица | Вртикоп |
Надм. вис. | 25 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.031 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Липоор (службено име до 1984 година: Долно Липоор; грчки: Λιποχώρι, Липохори; книжевно: Λιποχῶριον, Липохорион; до 1984 година: Κάτω Λιποχώριον, Като Липохорион, Долно Липохори[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 3 километри источно од градот Вртикоп, сред самото пространо поле, на надморска височина од 25 метри.[3] Селскиот атар зафаќа површина од 10 квадратни километри.
Сместено е во областа Сланица. Всушност, селото Липоор е составено од Долно и Горно Липоор, кое порано се сметало и за посебна населба, но денес претставува горно маало на селото.
Горно Липоор се наоѓа на 30 метри надморска височина и како посебна населба се водела само во пописот од 1928 година со 120 жители.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото е всушност некогашното долно маало на селото Липоор, кое до 1924 година било населено со Турци.[3] Горното маало на селото, односно Горно Липоор, отсекогаш било населено со Македонци и до денес не претрпело никакви етнички промени.[3]
Муслиманското население е иселено во Турција во 1924 година во согласност со Лозанскиот договор и на негово место биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Долно Липор (Κάτω Λιποχώρι) претставувало мешана населба со 101 бегалско семејство со вкупно 365 жители.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Обработливите површини околу селото целосно се наводнуваат, поради што е развиено земјоделството. Селото е мошне богато и произведува многу овошје, пченица, памук, а делумно е развиено и краварството.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Липоор (Lipoore) е село во Воденската каза на Отоманското Царство со 65 куќи со вкупно 310 жители.[5]
Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите години во Липохори (Λιποχώρι) имало 3 семејства христијани и 80 муслимани.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 жители Турци и 120 Роми.[3][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Липор (Lipor) имало 120 Македонци.[8]
Во 1910 година во селото (Λιπόρ) имало 103 жители христијани и 495 муслимани.[9]
Во 1920 година, Липоор било посочено со 45 турски куќи и со 15 куќи на Роми-муслимани.[3][10]
Заедно со горното маало, кое било населено со Македонци, во 1913 година селото имало 191 жител (од кои 101 маж и 90 жени[11]). Сепак, во друго издание на истата статистичка служба биле спомнати 649 жители за селото, што веројатно е поточно. Во 1920 година имало 587 жители. Во 1924 година, Турците се иселиле во Турција, а на нивно место се населиле бегалски семејства од Понд, Источна Тракија и Мала Азија. Во пописот од 1928 година селото се водело како посебна населба со 563 жители, додека во подоцнежните пописи во Долно Липоор биле вклучени и жителите од македонското село Горно Липоор. Така, тие заедно во 1940 година броеле 800 жители, во 1951 година 906, во 1961 година 953, во 1971 година 957, во 1981 година 1.040 и во 1991 година 1.074 жители.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.032 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.031 жител.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 800 | 906 | 953 | 957 | 1.040 | 1.074 | 1.032 | 1.031 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Липоор, во кој е единствено село.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Λιποχώριον -- Λιποχώριο
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 48.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
- ↑ Σχινάς, Νικόλαος. Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190 - 191.
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
- ↑ Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)“. Архивирано од изворникот 2012-12-16. Посетено на 2012-12-16.
Белешки
[уреди | уреди извор]- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
|