Калиница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Калиница
Καλή
Поглед на селото
Поглед на селото
Калиница is located in Грција
Калиница
Калиница
Местоположба во областа
Калиница is located in Вртикоп (општина)
Калиница
Местоположба на Калиница во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°49′N 22°11′E / 40.817° N; 22.183° E / 40.817; 22.183Координати: 40°49′N 22°11′E / 40.817° N; 22.183° E / 40.817; 22.183
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаМениида
Надм. вис.&1000000000000004000000040 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.378
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.585 00
Повик. бр.23810-41

Калиница или Јач Ќој (грчки: Καλή, Кали; до 1927 година: Καλλίνιτσα, Калиница[2]) — село во Пазарско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 5 километри северно од главниот пат Пазар-Воден, а северозападно од Пазар, на надморска височина од 40 метри.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 24 квадратни километри.

Сместено е во Солунското Поле, на 12 километри источнот од Воден.

Историја[уреди | уреди извор]

До 1924 година, селото било населено со македонско и турско население.[3]

Турското население се иселило во Турција пред август 1922 година во согласност со размената на населението предвидена со Лозанскиот договор, а на негово место биле населени грчки бегалци од истанбулскиот четврт Мармара, Источна Тракија и галиполското село Ангелохори.[4] Во 1928 година, Калиница било претставено како чиста бегалска населба со 200 бегалски семејства со вкупно 814 жители.[5]

Во 1927 година, името на селото било променето во Кали (Καλή).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Калиница е богато село, а главни производи на населението се жито, памук, сусам, овошје, а делумно е развиено и краварството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Калиница (Јач Ќој) живееле 140 Македонци и 700 Турци.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Калиница Јачќој (Kalinitza Yatch-Keuy) имало 176 Македонци.[7]

Во пописот од 1913 година било забележано со 1.073 жители, а во 1920 година со 1.207 жители. Во согласност со Лозанскиот договор во 1924 година, турското население се иселило во Турција, а на негово место, грчките власти населиле 843 бегалци од Источна Тракија. Така, селото станало мешана населба, која во 1928 година имала 1.017 жители, а во 1940 година 1.206, од кои мнозинството бегалци. По војната, населението на селото, исто така, покажувало извесно зголемување. Така, во 1951 година биле попишани 1.206 жители, во 1961 година 1.319, во 1971 година 1.454, во 1981 година 1.510, а во 1991 година 1.463 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.684 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.378 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.206 1.206 1.319 1.454 1.510 1.463 1.684 1.378
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Калиница, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καλλίνιτσα – Καλή
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 70.
  4. Калиница на сайта на дем Мениида.
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  6. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 146.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102–103.

Белешки[уреди | уреди извор]