Арсен (Воденско)

Координати: 40°43′N 22°10′E / 40.717° СГШ; 22.167° ИГД / 40.717; 22.167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Арсен
Αρσένι
Арсен is located in Грција
Арсен
Арсен
Местоположба во областа
Арсен во рамките на Вртикоп (општина)
Арсен
Местоположба на Арсен во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°43′N 22°10′E / 40.717° СГШ; 22.167° ИГД / 40.717; 22.167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаВртикоп
Надм. вис.&1000000000000005000000050 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.396
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Арсен (грчки: Αρσένι, Арсени; книжевно: Ἀρσένιον, Арсенион) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа североисточно од градот Негуш, на 5 километри јужно од градот Вртикоп, сред самото поле, на надморска височина од 50 метри.[2] Селскиот атар зафаќа површина од 14 квадратни километри.

Сместено е во областа Сланица, во североисточното подножје на планината Каракамен, на околу 21 километар југоисточно од градот Воден.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото Арсен до 1924 година било населено со Македонци и со Турци.[2]

Муслиманското население е иселено во Турција во 1924 година во согласност со Лозанскиот договор и на негово место биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Арсен претставувало мешана населба со 103 бегалски семејства со вкупно 410 жители.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Земјиштето е многу плодно и се наводнува со каналски систем изграден по Втората светска војна. Земјоделството е главно занимање на населението. Главно се произведува пченица, сусам, памук, детелина, свилени кожурци и други производи, а делумно е развиено и одгледувањето на млечни крави.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Арсен (Arséne) било село во Воденската каза на Отоманското Царство со 72 куќи со вкупно 325 жители.[4]

Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите години во Арсен (Άρσεν) имало 25 семејства христијани и 12 семејства муслимани.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 310 жители Македонци и 115 Турци.[6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Арсен (Arsen) имало 320 Македонци.[7]

Во 1910 година во селото (Άρσεν) имало 238 жители.[8]

Во 1920 Арсен било со 70 куќи, од кои 30 македонски, 25 турски и 5 куќи на Роми-муслимани.[9]

Во пописот од 1913 година било забележано со 338 жители (од кои има 168 мажи и 170 жени[10]), а во 1920 година со 390 жители. По иселувањето на Турците во 1924 година, тука биле населени бегалски семејства од Мала Азија, Понд и Кавказ, така што структурата на населението се изменила. Селото, заедно со бегалското население, во 1928 година имало 669 жители, од кои 333 бегалци, а во 1940 година 981 жител, од кои 450 Македонци и 531 бегалец. Во 1951 година во Арсен биле попишани 996 жители, во 1961 година нивниот број се искачил на 1.276 жители, колку што изнесувало и во 1971 година, во 1981 година биле забележани 1.292, а во 1991 година 1.459 жители, без претходна промена во националниот состав. Плодноста на почвата и високите приноси биле главниот фактор што селото не само што не се раселува, како што тоа е случај со попасивните села, туку во последниве децении било забележано осетно зголемување на бројот на неговите жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.409 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.396 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 981 996 1.276 1.276 1.292 1.459 1.409 1.396
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Арсен, во кој е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 43.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
  5. Σχινάς, Νικόλαος. Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
  6. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190 - 191.
  8. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
  9. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
  10. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)“. Архивирано од изворникот 2012-12-16. Посетено на 2012-12-16.

Белешки[уреди | уреди извор]