Ново Село (Сланица)

Координати: 40°43′N 22°08′E / 40.717° СГШ; 22.133° ИГД / 40.717; 22.133
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ново Село
Πλεύρωμα
Ново Село is located in Грција
Ново Село
Ново Село
Местоположба во областа
Ново Село во рамките на Вртикоп (општина)
Ново Село
Местоположба на Ново Село во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°43′N 22°08′E / 40.717° СГШ; 22.133° ИГД / 40.717; 22.133
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаВртикоп
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно261
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.585 00
Повик. бр.23810
Рег. таб.ЕЕ

Ново Село (грчки: Πλεύρωμα, Плеврома; до 1927 година: Γενή Κιόι, Ени Ќој[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото сред самото пространо поле, во непосредна близина на селото Каменик, на надморска височина од 70 метри.[3]

Сместено е во областа Сланица, на околу 5 километри јужно од општинското средиште Вртикоп и на околу 18 километри од градот Воден, во североисточното подножје на планината Каракамен.

Крај самото село поминува железничката линија Солун-Воден-Битола.

Историја[уреди | уреди извор]

Ново Село, како и сите околни села, до 1924 година било населено исклучително со македонско население.[3]

Во 1924 година, грчките власти започнале да населуваат грчки бегалци од областите Понд и Источна Тракија, со што селото станало мешана населба. Во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 27 бегалски семејства со вкупно 114 жители.[4]

Во 1927 година било променето името на селото во Плеврома (Πλεύρωμα).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Бидејќи лежи во поле, а земјиштето речиси целосно се наводнува, Ново Село е доста богато. Главно занимање на населението е овоштарството (праски и јаболка), а се произведува и пченица, свилена буба и кокар.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите години во Ново Село (Νοβοσέλο) имало 15 семејства христијани.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 75 жители Македонци.[6]

Во пописот од 1913 година било попишано со 36 (од кои 20 мажи и 16 жени[7]), а во 1920 година со 26 жители. Во 1924 година, грчките власти тука населиле бегалски семејства од Понд и Источна Тракија, така што Ново Село станало мешана населба, која во 1928 година била забележана со 156, а во 1940 година со 208 жители, од кои бројот на Македонците е нешто поголем од оној на бегалците. Во 1951 година селото имало 188 жители, во 1961 година 262, во 1971 година 273, во 1981 година 280, а во 1991 година 276 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 294 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 261 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 800 906 953 957 1.040 1.074 1.032 1.031
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Липоор, во кој е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γενή Κιόι -- Πλεύρωμα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 53.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. Σχινάς, Νικόλαος. Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
  6. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149.
  7. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)“. Архивирано од изворникот 2012-12-16. Посетено на 2012-12-16.

Белешки[уреди | уреди извор]