Иматија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Иматија
Περιφερειακή ενότητα Ημαθίας
Округ
Општини во округот Иматија
Општини во округот Иматија
Иматија во Грција
Иматија во Грција
Координати: 40°35′ СГШ 22°15′ ИГД / 
Земја Грција
Област Централна Македонија
Админ. центар Бер
Управа
 • Управник Костас Карапанајиотидис
Површина
 • Вкупна 1.701 км2
Население (2011)
 • Вкупно 140.611
 • Густина Ова е лошо заокружено82.663.727.219.283/км2
Поштен. бр. 59x xx
Повик. бр. 233x0
Рег. таб. HM
Мреж. место imathia.gr

Иматија (грчки: Ημαθία) — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Бер. Подрачјето на округот се совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Берско“. Денешниот округ е именуван по долномакедонската област Ематија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Географија[уреди | уреди извор]

Североисточниот дел на Иматија, заедно со долното течение на реката Вистрица ја образуваат огромна плодната рамнина Урумлак, позната произведува по одгледувањето на овошни култури како праската и јагодата. Голем дел од населението живее на ова подрачје, каде се наоѓаат градовите Гида и Бер. Иматија има и мал брег на Солунскиот Залив околу устието на Вистрица. Западниот дел на округот е планински. Највисока планина е Каракамен, која се издига на 2.052 м кај Негуш. Јужно од Бистрица, во јужниот на Иматија се протегаат и делови од планината Шапка. Иматија административно се граничи со окрузите Пиерија на југ, Кожани на запад, Постол на север и Солун на исток. Има претежно средоземна клима со топли суви лета и благи врнежливи зими.

Општини[уреди | уреди извор]

Округот Иматија се дели на 3 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата):[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Шаблон:Окрузи во Грција